Објавено на: 14 мај 2018

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ – Скопје

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ – Скопје

Во вторник, 15 мај, со почеток во 17 часот во малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи промоција на радио емисијата Музичко дружење со студентите по дувачки и гудачки инструменти и гитара од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и документарното видео за снимањето на емисијата, подготвени од студентите на насоката за сонологија со мултимедија.


Објавено на: 11 мај 2018

Испит втор циклус студии - Илинка Велкова

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 18.5.2018 (петок), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи одбрана на магистерска програма од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА (ФЛЕЈТА) на студентката ИЛИНКА ВЕЛКОВА .

 

  Комисија:  Проф. м-р Страшо Темков

                   Проф. м-р Васо Ристов

                   Вонр. проф. м-р Марјан Милошевски

                   


Објавено на: 10 мај 2018

Концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ во Гевгелија

На 10.5.2018 година во Гевгелија, во народниот театар со почеток од 20 часот, ќе се одржи  концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентското водство на проф. м-р Борјан Цанев. Како солисти ќе настапат студентите: Љубица Делева, Лида Алиу, Пандорка Јанаќиева, Јана Каевска и Димитар Михајловски од класите на проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко и проф. м-р Љубиша Кировски.


Објавено на: 09 мај 2018

„Вечер на Росини“ - Концерт на ФМУ - Скопје

Вечерва, во 19:00 ч. во концертната сала на ФМУ - Скопје (9.5.2018 година) ќе се одржи концерт во рамките на циклусот „MUSICA VIVA“. Концертот е насловен „Вечер на Росини“ на кој ќе настапат студентите од вокално - инструменталниот оддел.


Објавено на: 07 мај 2018

Одржана традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa во саботата, 5.5.2018 година, на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде беа сместени штандовите на факултетите.

Манифестација беше  наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.


Објавено на: 04 мај 2018

Редослед за главната аудиција за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

Редослед за главната аудиција

за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

 

10:00 ч.

 

  1. Ангел Спировски (оркестарско диригирање)
  • Џ. Росини: Увертита „Севилски берберин“

 

10:10 ч.

 

  1. Ивана Јанаќиева (пијано)
  • М.Равел: Концерт за пијано и оркестар G-dur, I став

 

  1. Зоран Станишиќ (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.1 оп.1,  I став

 

  1. Тоше Темелков (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.18, I став

 

  1. Артемида Ќари (пијано)
  • Д.Шостакович: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.102 F-dur, I став

 

10:50 ч.

 

  1. Никола Мицевски (кларинет)
  • К. Росе-На тема од К. М. Вебер: Фантазија и рондо

 

  1. Ѓорѓи Димитров и Бојан Лушкоски (дуо кларинети)
  • Ф. Крамер: Концерт за два кларинета

 

  1. Стефан Неделковски (саксофон)
  • Д. Мијо: Скарамуш

 

  1. Филип Каревски (фагот)
  • Ф. Данци: Концерт за фагот Еф-дур

 

  1. Благоја Василевски (хорна)
  • Р. Штраус: Концерт Бр. 1, I став  

 

  1. Антонио Весковски (удирачки инструменти)
  • Н. Рoсауро: Концерт за маримба, I став

 

 

 

11:45 ч.

 

  1. Александра Чуруковска (контрабас)
  • С. Кусевицки: Концерт за контрабас и оркестар, I став  

 

  1. Илза Бафтиари (виола)
  • Ц. Форсајт: Концерт за виола и оркестар, I став

 

  1. Eни Вучидолова (виолина)
  • А. Дворжак: Концерт за виолина и оркестар, I став

 

 

 

Декан

проф. м-р Зоран Пехчевски


Објавено на: 03 мај 2018

Предавањe со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор" на ФМУ - Скопје на 8.5.2018 година

Во вторник, 8.5.2018 година во 13:15 ч.  во малата сала на ФМУ-Скопје ќе одржи предавање проф. др. Ана Петров од Факултетот за медиуми и комуникации Сингидинум од Белград. Предавањето е со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор". Проф. Петров е реномиран музиколог и социолог и автор на книгите:  Pjeru Burdijeu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) , Brunu Laturu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) Jugoslovenska muzika bez Jugoslavije. Koncerti kao mesta sećanja, (FMK, Beograd, 2016). Предавањето ќе ги опфати сите процесите на музичка рецепција на популарната музика во постјугословенскиот период. 


Објавено на: 02 мај 2018

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!


Објавено на: 30 април 2018

Заверка на летен семестар и пријавување на испити за мајско - јунската испитна сесија 2017/2018

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА МАЈСКО - ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 08.05. - 15.05.2018

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки.

За студентите кои нема да ги пријават испитите во предвидениот рок, ќе се наплаќа казна за ненавремено пријавување на испити.

 Во прилог на ова известување, може да ги погледнете и упатството за пријавување на испитите во Iknow системот и упатството за електронска наплата на административни таксени марки.

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_23320_608_33328_976.docx

Објавено на: 23 април 2018

Одржана промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов

На 18.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуство на министерот за култура, г-дин Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност,  беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ-Скопје, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.

На свеченоста, каталогот им беше предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат. Во овој каталог се попишани 10.166 мелограми, кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов што се наоѓа во архивот на МАНУ. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден важен исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.

Овој настан, исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, е дел од посветената работа на  „Архивот Бужаровски“ (BuzAr), каде што каталогот ќе биде примарно депониран.

Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во „Архивот Бужаровски“ од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа, во метаподатоците кои ги придружуваа лентите било назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски.

На овој настан беше одбележана 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски, кои се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот.

„БузАр“ е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.

Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и Јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и „БузАр“ и над 110 аудио снимки од концерти.