Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 18 септември 2017
Листа на изборни предмети, за зимски семестар 2017/2018 година
Почитувани студенти,
во прилог е објавена листата на изборни предмети кои ќе бидат активни во учебната 2017/2018 година.
Објавено на: 07 септември 2017
Упис на зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година, за студентите од II, III и IV година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 14, 15 и 18.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 19 и 20.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 21 и 22.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од зимскиот семестар од учебната 2016/2017, во висина од 406,00 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Напомена:
НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 18-ти СЕПТЕМВРИ 2017!
Во прилог може да ги погледнете жиро сметките за сите уплатници.
Уплатници.docx
Објавено на: 25 август 2017
Подготвителна настава за заинтересирани кандидатите за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, во учебната 2017/2018 година
СООПШТЕНИЕ
ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ
Се известуваат сите заинтересирани кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дека во интерес на кандидатите, Факултетот ќе организира подготвителна настава за приемните испити по предметите СОЛФЕЖ и ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА на следниве датуми:
29.8.2017 година (вторник)
10:30 ч. – 12:00 ч. - ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА
12:30 ч. – 14:00 ч. - СОЛФЕЖ
1.9.2017 година (петок)
10:00 ч. – 11:30 ч. - СОЛФЕЖ
12:00 ч. – 13:30 ч. - ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА
Објавено на: 07 јули 2017
Испит од втор циклус студии - Ивана Коцевска
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 17.7.2017 (понеделник), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот ИВАНА КОЦЕВСКА.
Комисија: Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Вонр. проф. д-р Искра Шукарова
Објавено на: 22 јуни 2017
Испит од втор циклус студии - Исмет Беџети
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 30.6.2017 (петок), со почеток во 9:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентот ИСМЕТ БЕЏЕТИ.
Комисија: Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Проф. Живоин Глишиќ
Вонр. проф. д-р Горан Начевски
Објавено на: 14 јуни 2017
НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ***Есенска испитна сесија 2016/207 (август - септември)***
Почитувани студенти,
во прилог се објавени термините за полагање на испитите во есенската испитна сесија 2016/2017 (август - септември).
Термините за пријавување на испитите може да ги погледнете на следниов линк: http://fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/27335/Prijavuvanje-na-ispiti-za-esenskata-ispitna-sesija-2016-2017
ИСПИТНА СЕСИЈА Август-Септември 2017.pdfОбјавено на: 14 јуни 2017
Пријавување на испити за есенската испитна сесија 2016/2017
С О О П Ш Т Е Н И Е
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЕСЕНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (АВГУСТ – СЕПТЕМВРИ 2017), ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 10.08. - 15.08.2017 ГОДИНА.
Потребни документи:
- Индекс;
- Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор).
НАПОМЕНА:
Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки.
Објавено на: 14 јуни 2017
Испит од втор циклус студии - Теа Богатинова
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 20.6.2017 (вторник), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката ТЕА БОГАТИНОВА.
Комисија:
Проф. м-р Јана Андреевска
Вонр. проф. д-р Горан Начевски
Вонр. проф. м-р Сони Петровски
Објавено на: 12 јуни 2017
Одбрана на теориски дел од докторска дисертација од м-р Петруш Петрушевски
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 22.6.2017 (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатот м-р Петруш Петрушевски.
Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:
Проф. Велко Тодевски
Проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска
Проф. д-р Димитрије Бужаровски
Проф. м-р Михаило Куфојанакис
Проф. м-р Олег Кондратенко
Објавено на: 09 јуни 2017
Испит од втор циклус студии - Мимоза Ќека
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 19.6.2017 (понеделник), со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА – ПИЈАНО на студентката МИМОЗА ЌЕКА.
Комисија: Проф. м-р Лилја Зилберштајн
Проф. м-р Тодор Светиев
Проф. м-р Зоран Пехчевски