Објавено на: 01 јуни 2017

Испит од втор циклус студии - Јована Трајчева

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 9.6.2017 (петок), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА – ПИЈАНО на студентот ЈОВАНА ТРАЈЧЕВА.

             

       Комисија:   Вонр. проф. д-р Нина Костова Јаневска

                         Проф. м-р Зоран Пехчевски

                         Проф. Јован Каровски


Објавено на: 22 мај 2017

Хорот „Драган Шуплевски“ со учество на два меѓународни фестивали во Полска!

Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност - Скопје под диригентство на професор  м-р Сашо Татарчевски, во периодот од 15-ти до 20-ти мај 2017 година, зеде учество на два меѓународни фестивали и тоа: 10-тиот хорски фестивал “Edmund Szimanowsky”, како и на 13-тиот Фестивал за универзитетски хорови и оркестри “Universitas Cantat” во Познањ, Полска. Освен самостојните концерти, хорот учествуваше и во подготовките и праизведбата на композицијата “Amor et Psyche” заедно со останатите хорови и оркестри од САД, Унгарија, Белорусија, Србија, Турција, Русија и Полска. Настапите на нашиот хор беа проследени со извонредни реакции од публиката, како и со блескави критики на стручната јавност. Хорот изведе широк репертоар од повеќе епохи и музички стилови, а најголемо внимание привлече концертот во прекрасната концертна сала на универзитетот „Адам Мицкјевич“ на кој беа изведени композиции од македонски автори. Извонредниот настап на хорот му донесе повеќе директни покани за учество на најважните хорски настани во Европа и Американскиот континент.

Професорот Татарчевски ни изјави дека е исклучително задоволен од настапите како и од односот на студентите, кои достојно го претставија својот факултет, универзитетот, како и својата земја, Република Македонија, пред универзитетската и културната јавност на повеќе земји.

Оваа турнеја е продолжување на континуираните успеси на хорот „Драган Шуплевски“ на меѓународната сцена во изминатите десет години, а е остварена со поддршка од Mинистерството за култура на Република Македонија.

На следниов линк, може да се погледне и настапот на хорот „Драган Шуплевски“ во Познањ
https://www.youtube.com/watch?v=5FDTDIoUY78


Објавено на: 22 мај 2017

Одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 68 - годишнината од неговото основање !!!

На 22.05.2017 година, со почеток од 20:00 часот во Македонската опера и балет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Свечена Академија ќе ги одбележи 68-годишнината од основањето на Универзитетот и Денот на Светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот. 

Во рамките на Уметничката програма на оваа свеченост ќе настапуваат Симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“ од Факултетот за музичка уметност - Скопје, под диригентското водство на вонр. проф. д-р Ивица Зориќ и Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев.

 Влезот е слободен !

 


Објавено на: 12 април 2017

Заверка на летен семестар и пријавување на испити за мајско - јунската испитна сесија 2016/2017

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА МАЈСКО - ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2016/2017, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 08.05. - 12.05.2017

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки.

 


Објавено на: 01 март 2017

Исидора Станишиќ – кореограф, танчер и педагог од Белград гостува на катедрата за балетска педагогија-отсек современ танц при ФМУ

Исидора Станишиќ

кореограф, танчер и педагог од Белград гостува на катедрата за балетска педагогија - отсек современ танц при ФМУ

Исидора Станишиќ е реномиран кореограф и педагот од Белград-Србија. Таа е моментално предавач на факултетот - Институт за уметничка игра во Белград и професор во средното балетско школо „Луј Давичо“.

Во периодот од 27 февруари до 2 март, 2017 година, кореографот и педагог Исидора Станишиќ ќе гостува на катедрата за балетска педагогија – отсек современ танц при Факултетот за музичка уметност - Скопје, каде ќе работи со студентите на нови композиции и техники за современ танц кои ќе бидат презентирани на 2 март од 15 до17 часот во Големата сала на МОБ.

Гостувањето е инцирано од страна на проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, додека вонр. проф. д-р Искра Шукарова која го води отсекот за современ танц, до сега има реализрано повеќе соработки со Станишиќ во Белград.

Исидора Станишиќ е од првата генерација млади кореографи и педагози за современ танц во Србија. Таа има реализирано бројни интернационални уметнички резиденции и кореографии.

Оваа соработка е од голема важност за развојот на современиот танц во нашата земја.

Студиската програма за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е отворена во 2010 година, каде за прв пат студентите имаа можност да се едуцираат во полето на балетската педагогија за класичен и современ танц во Република Македонија.


Објавено на: 03 февруари 2017

Заверка и запишување на семестар и пријавување на испити за студентите од втор циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2015/2016ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 20.2.- 22.2.2017 година, а полагањето на испитите ќе се реализира најдоцна до 15.3.2017 година.

По полагањето на испитите, а најдоцна до 20.3.2017, ќе се врши изапишување на летниот семестар.

 Потребни документи за заверка на зимскиот семестар и пријавување на испити:

-       индекс;

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;

-       пријави за испити, со уплата за административна такса;

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (во прилог);

-       уплати за испитите:

                 6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                 3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk). Упатството за електронско пријавување на испити, ви го испраќаме во прилог.

 

Потребни документи за запишување на летниот семестар (до 20.3.2017):

-       индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;

-       уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

 

Жиро сметка за уплата.docx прилог кон пријава за испит.doc УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ.docx

Објавено на: 02 февруари 2017

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2016/2017 година

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  06-07.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
  •  08-09.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА
  • 10.02.2017 – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

  Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети кои се слушале во претходниот, зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена IIрата школарина6.150 денари за студентите од државна квота и 12.300 денари за студентите во приватна квота.
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2015/2016, во висина од 406 денари за еден кредит.

 
Жиро сметките за уплата може да ги видите во прилог на ова известување!

 

 Напомена:

Студентите имаат обврска пред да ги достават документите во одделението за студентски прашања, задолжително да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

 

Жиро сметки за уплата.docx ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ.docx

Објавено на: 31 јануари 2017

Распоред на часови за летен семестар, учебна 2016/2017 година

Распоредот на часови за летниот семестар во учебната 2016/2017 година, е објавен во прилог.

Распоред на часови.docx

Објавено на: 09 јануари 2017

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, учебна 2016/2017

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 9-ти ДО 20-ти ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА.

Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • изјава за предлог на ментор (во прилог);
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.

Напомени:

!      Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!       Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија и превод на македонски јазик од издадената Диплома.

 Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk

 

Целиот Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и бројот на слободни места за запишување може да ги погледнете во прилог.

Конкурс - втор циклус студии.pdf 178_Slobodni_mesta_vtor_ciklus_II_upisen_rok_2016-2017.doc Изјава за предлог на ментор.doc