Објавено на: 22 октомври 2015

Испит од втор циклус студии - Милан Вучиќ

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 30.10.2015(петок), со почеток во 15:00 часот, на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи завршен испит од втор циклус студии по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА (ХАРМОНИКА) на МИЛАН ВУЧИЌ.

 

Комисија:  Доц. м-р Златко Мадевски

                    Проф. Јован Каровски

                    Проф. м-р Зорица Каракутовска

                   


Објавено на: 22 октомври 2015

Испит од втор циклус студии - Јана Коловска

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 3.11.2015(вторник), со почеток во 11:30 часот, на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи завршен испит од втор циклус студии по МУЗИЧКИ НАУКИ на ЈАНА КОЛОВСКА.

 

Комисија:  Проф. д-р Викторија Коларовска - Гмирја

                    Проф. Живоин Глишиќ

                    Доц. д-р Трена Јорданоска

                   

 

 


Објавено на: 21 септември 2015

Запишување на примените кандидати од третиот уписен рок, во учебната 2015/2016 година

 Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2015/2016 година, ќе се врши на 22-ри септември, 2015 година.

 Потребни документи:

  •  Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (се купува во книжарници);
  • Образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина
  •        100 евра во денарска противвредност, за студентите запишани во државна квота;
  •        200 евра во денарска противвредност, за студентите запишани со кофинансирање на студиите
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 150 денари за колективно осигурување;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност на жиро сметка 100000000063095; депонент: НБРМ; сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18; приходна шифра 723012; програма 41.

  

 

Пример за уплатници..doc

Објавено на: 17 септември 2015

Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

 за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2015/2016 година

 

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Пријавување на кандидатите од 14 до 30.9.2015

Проверка на компетенции од 1 до 5.10.2015

Објавување прелиминарни листи 6.10.2015

Одлучување по приговори 8.10.2015

Објавување конечни листи 13.10.2015

Запишување на кандидатите 15.10.2015

 

Документи за пријавување

• пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;

• писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;

• кратка биографија;

• докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување, и тоа:

- уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;

- уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;

- диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии - диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии - сертификат/уверение за познавање на светски јазик (согласно глава III, точка 1, алинеја 5 од Конкурсот);

- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.Македонија.

 

Документацијата се доставува во фотокопија, заверена на нотар.

Пријавите на кандидатите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.

Документите се доставуваат во: Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, адреса: бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје.

 

 Дополнителни критериуми за кандидатите,за запишување на студиската програма за музичка интерпретација и композиција:

 Музичка интерпретација и композиција

Позитивна оцена од проверката на компетенциите која се состои од:

а) за инструменти (гудачки, пијано, дувачки и други):

- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет, освен кај

дувачките инструменти.

б) за соло (вокално) пеење:

- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет.

в) за оркестарско диригирање:

- портфолио за остварени настапи како диригент со концерти со симфониски оркестар на најмалку 2 (два) целовечерни концерти

со симфониски оркестар кои вклучуваат и солисти со времетраење од најмалку 60 минути и еден концерт со вокално- инструментална

композиција со времетраење од најмалку 40 минути.

г) за хорско диригирање

- портфолио за остварени настапи како диригент на концерти со хорска музика и тоа: најмалку 2 (два) концерти со различна „А

капела“ програма со времетраење од најмалку 80 минути и еден концерт со вокално-инструментална музика со времетраење од

најмалку 40 минути.

д) за композиција

- портфолио на композии со вкупно времетраење од 60 минути, од кои најмалку две композиции за симфониски оркестар. Дел

од композициите треба да се јавно изведени. Со пријавените кандидати ќе се изврши интервју.

 

Селекција на кандидатите

По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите за запишување на докторски студии, советот на студиската програма објавува посебна листа.

Листите се објавуваат на интернет-страницата на Школата за докторски студии: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8

Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во Школата за докторски студии, во писмена форма до советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлуката во рок од 36 часа. По завршувањето на постапката по приговорите, советот на студиската програма, во рок од 5 дена ја утврдува конечната ранг-листа на примени кандидати и ја доставува до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии за потврдување.

Потврдената ранг-листа на примени кандидати е конечна и се објавува на интернет-страницата на Школата за докторски студии.

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8 V.

 

Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2015/2016 година, во целост може да го погледнете на следниов линк: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/555_Konkurs%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%201%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20_10.7.2015_.pdf

Дополнувањето на конкурсот, кое е објавено на 16.9.2015 година и листата на ментори за трет циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, може да ги погледнете во прилог.  

 

 

Дополнување на Конкурс за трет циклус студии.pdf Листа на ментори за трет циклус студии.doc

Објавено на: 15 септември 2015

Пријавување за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок, во учебната 2015/2016

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 16-ти СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА;

РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА  21-ви СЕПТЕМРИ 2015 ГОДИНА; 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 22-ри СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА.

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • испечатена електронска пријава од IKnow системот;
  • оригинални свидетелства од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања).

 Во прилог, може да го погледнете бројот на слободни места за упис во третиот уписен рок. 

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите да направат преписи од документите за свои потреби.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:  www.upisi.ukim.mk

Број на сл. места трет уписен рок.docx

Објавено на: 11 септември 2015

Семинар по соло-пеење со Ана и Игор Дурловски

Од 15-18 септември 2015 година на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи семинар по соло-пеење со Ана и Игор Дурловски. 
Пријавувањето за учество на семинарот е најдоцна до 15.8.2015, кај раководителот на катедрата - проф. м-р Васо Ристов.