Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

д-р Драган Даутовски

Редовен професор

д-р Драган Даутовски

Група наставни предмети од областа на народните инструменти

email: dautovski.d@gmail.com, d.dautovski@ukim.edu.mk

Проф. д-р Драган Даутовски е роден на 21.11.1957 година во с.Русиново.
Потекнува од работничко семејство, кое на негова петгодишна возраст се преселува во Берово, каде што го завршува основното образование. Средно музичко училиште учи во Штип, за веднаш по звршувањето да се запише на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. За време на студиите пројавува голем интерес за Македонскиот музички фолклор, а веднаш по дипломирањето се вработува како професор по музичка култура.

Како резултат на неговата работа на полето на фолклорот настанува детското фолклорно студио “Детелинки”, кое едно време активно работи и во ансамблот “Танец”. Во 1992 год. го оформува ансамболт од народни инструменти “Миле Коларовски” со кој настапува на голем број фестивали и манифестации во земјата и надвор од неа.
Со неговата работата со овој ансабл и пошироко на полето на фолклорот, отпочнува големата ренесанса на изворната музика во Р. Македонија. Даутовски учествува во голем број проекти. Партиципира во изработката на музиката за филмот “Пред дождот”, значаен е неговиот авторски проект “DDSynthesis”,пишува музика за театарски претстави (“Македонска приказна”, ”Јонадаб”, ”Писание” и др.), музика за кореографски постановки во ансаблот “Танец” (“Џамала” и “Старо тешко”).Музика за Филм (“Ноќ спроти Василица”). Неговиот творечки опус изнесува над 600-тини композиции. Последната деценија со неговиот квартет е неуморен промотор на Македонската музичка култура на бројни фестивалски сцени насекаде во светот: Холандија, Русија, Италија, Франција, Португалија, Германија, Полска, Белгија, Грција, Црна гора, Словенија, Бугарија, Франција, Австриа, Африка, Куба, Украина, Америка, Кина и др. Од 2005 година тој е артист на “Melody for Dialogue among Civilizations“. Unesco

Драган Даутовски е редовен професор на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, каде што предава народни инструменти, музички фолклор и изведувачка техника на орфов и народен инструментариум.
Како педагог во изминатите години има остварено голем број настапи со студентите од неговата класа и иницијатор е за отварање на отсек за народни инструменти во средните музички училишта во Скопје и Штип и во основните музички ушилишта во Струмица, Штип, Прилеп, Кавадарци, каде што предаваат професори дипломирани во неговата класа. Се поголемиот интерес кај студентите за овој отсек, говори дека Даутовски во изминативе 25 години на педагошки и уметнички план, мошне успешно ја актуелизира и промовира уметничката вредност на македонскиот фолклор.

Носачи на звук зад кои стои името на Драган Даутовски :

  1. ДД Синтезис (DDSinthesys) - 1996
  2. “Корени и цутови” (Roots and blossom) - 2000
  3. “Патот на сонцето” (The path of the sun) - 2001
  4. “Патот на сонцето” (The path of the sun), реиздание - 2008
  5. “Разбој” (The Loom)-“Фонтана” - Чешка издавачка продукција - 2006,
  6. “Разбој”-2007
  7. ”Flame” - 2013

Научни трудови и истражувања :

”Формално-ритмичките карактеристики на изворната песна Маце Мариче”, ”Орнаментите во традиционалната музика во Р.Македонија”, ”Тамбурата во Македонија”, ”Кавалот во Македонија”- магистерска тема. “Топчестата глинена флејта од Македонија, праисториски музички инструмент”-докторска дисертација.