Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

м-р Јана Андреевска

Редовен професор

м-р Јана Андреевска

Група наставни предмети од областите теорија на музиката, музички форми со анализа, хармонија и полифинија со анализа и композиција

email: janandreevska@gmail.com

Вон. проф. м-р Јана Андреевска е родена 1967 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Томислав Зографски. Нејзиното образование како композитор вклучува и бројни семинари во Холандија, Полска, САД и Македонија, кај познати имиња како Луи Андрисен, Тон де Леу, Мајкл Најман, Франсоа Бернар Маш, Ерик Годибер, Џон Вулрич, Најџел Озборн, Глен Хакбарт и други.

Најпрвин работи како продуцент за сериозна музика во Македонската Радио Телевизија, а на Факултетот за музичка уметност на Катедрата за музичка теорија и композиција почнува да работи од 1995 година, каде и денес ги предава предметите музички форми со анализа, полифонија, полифона композиција, хармонска анализа, композиција и др. Од 2005 до 2008 била Шеф на Одделот за музичка теорија и композиција, а од учебната 2009/2010 е назначена за продекан за концертна дејност и меѓународна соработка на ФМУ.

Била добитник на повеќе стипендии и награди, меѓу кои и на стипендијата за студиски престој на Државниот Универзитет во Аризона во 2001 година. 

Нејзините композиции се изведувани од страна на авторот и солисти и ансамбли како Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на Македонската Радио Телевизија, ансамблот АЛЕА, ансамблот Ателас Синфониета Копенхаген, квартет саксофони Димов, квартет саксофони ”Аџоне”, хорот Collegicum musicum и Даринка Матиќ Маровиќ, Saxofonquadrat од Берлин, женскиот хор Calliope Women Choir од Франција, Марцел Њормс од Холандија и др. во Македонија, Југославија, бивш СССР, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Холандија, Австрија, Словакија, Украина, Молдавија, Германија, Данска, Франција. 

Членува во повеќе професионални асоцијации:

* 2009 - денес: претставник на СОКОМ во Европскиот композиторски форум (ECF)
* 2008 - денес: Уметнички директор на фестивалот Денови на македонска музика
* 2000-денес: Член на Претседателството на Сојузот на композиторите на Македонија
* 1998-денес: Член на Собранието на ЗАМП
* 1997-99: Член на Одборот за култура на Институтот Отворено Општество, фондација СОРОС
* 1990-денес: Член на Сојузот на композиторите на Македонија