• Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Home Хор “Драган Шуплевски“

Хор “Драган Шуплевски“

Хорот “Драган Шуплевски” при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Сегашното име го добива во 2002 год. во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува и во проекти заедно со другите ансамбли на ФМУ и на реномирани музички фестивали како “Мајски оперски вечери”, “Интерфест,” “Нишки хорски свечености”, “Мајски хорски конкурс”, “Варсовиа Кантат“ и.т.н. Репертоарот опфаќа композиции од ренесансата па се до најсовремени творби, како а-капела така и вокално-инструментални композиции. Посебен настан секоја година претставуваат концертите на духовна музика во централните храмови на Македонската православна црква и католичката црква во Македонија.

Од концертите на хорот се направени и неколку ТВ и радио снимки а факултетот за музичка уметност издаде и ЦД носачи на звук од двата последни концерти на духовна музика “Вечерна жртва” под диригентство на актуелниот диригент на хорот Сашо Татарчевски.

Својот квалитет и напредокот во последните неколку години хорот ги потврдува и со освојувањето награди на меѓународни хорски натпревари. Последни во низата успеси се Првата награда на интернационалниот хорски натпревар “Варсовиа Кантат“ во Варшава (Полска) во 2010 година, Втората награда на Хорскиот натпревар во Римини (Италија) во 2011 година, како и Првата награда и Златен ангел на Меѓународниот хорски натпревар во Краков (Полска) во 2012 година.

Како резултат на овие успеси, хорот е редовно покануван да учествува на реномирани фестивали и натпревари.

 

 



 

 

ПРЕБАРАЈ

666555