Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Викторија Коларовска Гмирја

Редовен професор

д-р Викторија Коларовска Гмирја

Група наставни предмети од областа на теоријата на музиката

email: vkolarovskagmirja@gmail.com

Вон. проф. д-р. Викторија Коларовска-Гмирја дипломирала на Одделот за музикологија на Санктпетербуршкиот државен конзерваториум „Н.А. Римски-Корсаков“ (Русија) и на Одделот за пијано на Факултетот за Музичка уметност – Скопје. Магистрирала на ФМУ – Скопје на Одделот за музичка теорија и педагогија. Во 2008 г. на истиот факултет одбранила докторска дисертација „Детерминанти на музичката култура на учениците во I одделение на основните училишта во Скопје“. Предава група теориски предмети на додипломските и последипломските студии на ФМУ – Скопје. Има објавено повеќе статии и други написи од областа на музикологија и музичка педагогија, член е на редакцијата на списанието „Музика“ (издание на СОКОМ). Учествувала на бројни меѓународни конференции и семинари по прашањата на музичката култура и музичкото образование. Како пијанист-соработник настапувала со реномирани македонски солисти на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Меѓународна трибина композитора“ (Белград, Србија и Црна Гора, „Жени-креаторки меѓу двете мориња“ (Солун – Грција) и др. и учествувала во бројни премиерни изведби на дела од различни епохи и стилови. Остварила повеќе снимки за МРТВ. Добитник е на наградата „Георги Божиков“ која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија за најуспешната интерпретација на делата на македонските композитори.