Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Марија Наумовска Муратовска

Пензиониран

м-р Марија Наумовска Муратовска

Соло пеење

Родена на 17.6.1955 година. Дипломирала и магистрирала соло-пеење на ФМУ-Скопје, во класата на проф. К.Трпков. Напоредно со соло-пеењето дипломирала и пијано кај проф.Б.Цветковиќ. Долги години била уметнички соработник-пијанист на ФМУ-Скопје.

Нејзината богата изведувачка дејност на оперската и концертната сцена опфаќа концерти во сите поголеми градови од поранешна Југославија, Италија, Германија, Шведска, Америка, Турција, Албанија, Франција, Бугарија, Русија и др. На оперската сцена дебитирала со улогата на Неда во “Паљачи”, Евридика во “Орфеј”, била солист на многу вокално-инструментални дела со Македонската филхармонија, Македонската опера, камерни оркестри, снимала за Македонско радио и издала неколку касети и компакт дискови (духовна музика, дела на македонски композитори во живо од нејзини рецитали со дела од светската и македонската музичка литература). Настапувала со врвни домашни и странски диригенти, учествувала на семинари, фестивали, имала повеќе рецитали со дела од разни епохи, особено негувајќи ја соло-песната и залагајќи се за промоција на делата на македонските композитори и надвор од нашата земја.

Во текот на нејзината кариера добила повеќе први награди на вокалните натпревари и признанија, како и наградата на Сојузот на композиторите на Македонија за најдобра интерпретација на македонско дело.

Таа е редовен професор по соло-пеење, вокална техника и камерна музика на додипломските и постдипломските студии на ФМУ-Скопје.