Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Борче Наумоски

Пензиониран

м-р Борче Наумоски

Гитара, Камерна музика, Литература за гитара

email: borcenaumoski@gmail.com

Борче Наумоски дипломирал класична гитара на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје во класа на проф.Војислав Ивановиќ во 2006 година. По дипломирањето се запишал на втор циклус студии под менторство на проф. Срѓан Тошиќ од ФМУ во Белград при државниот Универзитет во Р.Србија. Магистерскиот труд по интерпретација на гитара го одбранил во2010 година стекнувајќи се со степен магистар по гитара.

Уметничката интерпретација опфаќа низа на солистички концерти и рецитали во  Р. Македонија, како на пример во МКЦ, во Даут Пашин Амам, во куќата на Глигор Прличев, во Музеј на град Скопје ...Репертоарот опфаќа дела во распон од ренесанса до музика на дваесетти век.

Како изведувач и член на жири, настапувал на значајните фестивали во Р. Македонија ( Тремоло гитар фестивал, Скопје гитар фестивал, Златна Лира...)

Работи како педагог со ученици и студенти. Како Доцент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје ги предава предметите Гитара, Камерна музика и Литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ,, Илија Николовски - Луј‘‘ во Скопје.