Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Од страниците на творештвото на Стојан Стојков“ - Јубилеен концерт на студентите на ФМУ - Скопје

Објавено на: 18 ноември 2016

 
На 21.11.2016 година, по повод 75 години од раѓањето на композиторот проф. Стојан Стојков, ќе се одржи Јубилеен концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје -  „Од страниците на творештвото на Стојан Стојков“.
 
Концертот ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, со почеток во 20:00 часот, а н

аратор на концертот ќе биде проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја.

 

        Стојан Стојков (1941) е истакнат македонски композитор и педагог. Неговиот творечки опус опфаќа дела од симфониското, вокално – инструменталното, сценското, вокалното, камерното, детското и други видови музичко творештво. Како член на повеќе меѓународни организации и форуми од областа на музиката, проф. Стојков дава и огромен придонес за развојот и афирмацијата на македонската музичка култура.  Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и најголемата државна награда „11 Октомври“. Како редовен професор на ФМУ – Скопје, своето стручно знаење проф. Стојан Стојков го пренесол на десетици студенти по музичка уметност.