Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ОДРЖАН КОНЦЕРТ И СЕМИНАР СО ВИСЕНТЕ КАМПОС (ШПАНИЈА) НА ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ

Објавено на: 19 април 2017

На 18.4.2017 година, на Факултетот за музичка уметност - Скопје,  се одржа семинар по труба под раководство на познатиот трубач и професор од Шпанија, Висенте Кампос. Истиот ден со почеток во 19:00 часот тој и учесниците на семинарот, студенти од класата на проф. м-р Васо Ристов, одржаа заеднички концерт во Kонцертната сала на Факултетот.