Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ОДРЖАН КОНЦЕРТ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНИТЕ ОДДЕЛИ "MUSICA VIVA"

Објавено на: 15 март 2018

На 14.3.2018 година, во Концертната сала на ФМУ - Скопје, се одржа концерт на студентите од вокално - инструменталните оддели насловен "MUSICA VIVA". На концертот настапија студентите од класите на: вонр. проф. м-р Марјан Милошевски, проф. м-р Славица Петровска Галиќ, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, вонр. проф. м-р Дарко Багески, проф. м-р Страшо Темков, доц. м-р Елена Атанасовска Ивановска и проф. м-р Зорица Каракутовска.