Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНЦЕРТ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ВОКАЛНО - ИНСТРУМЕНТАЛНИТЕ ОДДЕЛИ

Објавено на: 03 април 2018

На 28.3.2018 година, во Концертната сала на ФМУ - Скопје, се одржа концерт на студентите од вокално - инструменталните оддели насловен "MUSICA VIVA". На концертот настапија студентите од класите на: проф. м-р Олег Кодратенко, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. м-р Нинослав Димов, проф. м-р Ташко Тодоров, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска и проф. м-р Зорица Каракутовска во пијано соработка со доц. м-р Елена Атанасовска Ивановска, Доменика Робе и Ана Велиновска.