Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Јавна одбрана на докторска дисертација на кандидатот м-р Кораб Шаќири

Објавено на: 11 септември 2019

 С О О П Ш Т Е Н И Е

 На ден 18.9.2019 година (среда), со почеток во 13:00 часот, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи одбрана на докторската програма и труд на кандидатот м-р Кораб Шаќири, „Кантата „Мил брату сестрин“ за мецосопран, мешан хор и симфониски оркестар а3“ и одбрана на теорискиот труд „Влијанието на традиционалната музика во творештвото на современиот косовски композитор Валтон Беќири“.

 

Одбраната ќе се одржи пред комисија во состав:

вонр. проф. д-р Горан Начевски, претседател,

проф. Стојан Стојков, член

проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска, член

проф. д-р Бојан Ортаков, член и

вонр. проф. м-р Сони Петровски, член.