Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Вечер на современ танц и видео/филм со авторите вонреден професор д-р Искра Шукарова, Лени фон Гелева и Јохан Мелин (Шведска)

Објавено на: 26 ноември 2019

На 28 ноември во 20:30 во кафе КОТУР, професор и кореограф Искра Шукарова иницира настан каде ќе бидат прикажани премиерно еден филм и еден видео гиф кои го истражуваат спојот на движењето (современиот танц) и филмот. 

Инцијативата за овој настан според Шукарова произлегува од потребата современиот танц да се спои со видео и филм. Кореограф и професор при ФМУ-УКИМ (катедра за балетска педагогија) Искра Шукарова, соработува со два автори на два проекти на темата танц и филм. 

Во филмот D’Grlz Шукарова заедно со режисерот Јохан Мелин (Шведска) соработува во насока на истражување на танц како дел од филмската насока ‘one - shot’. Филмот е снимен во градскиот парк како дел од практичен тренинг на студентите при ФМУ-УКИМ (катедра за балетска педагогија). Целта на истражувањето во филмот беше спонтаноста и интеракцијата на изведувачите со природата, испитувајќи го движењето како дел од филмскиот кадар. Ова е пионерски чекор во насока да се најде спој помеѓу современиот танц и експерименталениот филм. 

Овој филм влегува како дел е проектот Nomad to Nomad во соработка со Polynia Films. Учествуваат студенти од 1,2,3 и 4 година (Христина Ангеловска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Ана Марковска, Ивана Балабанова, Росана Стефанов, Елена Костадинова,Тања Василевска, Милена Гаврилова).