Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одбележување на 24 Мај – Патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 71-годишнината од неговото основање

Објавено на: 23 мај 2020

Почитувани студенти и вработени на ФМУ - Скопје,

нека ни е честит 24 Мај - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа година го дочекуваме во вонредни услови и без традиционалните одбележувања на кои учеството на солистите и ансамблите на ФМУ - Скопје секогаш им даваше посебен сјај. Но се надеваме на што побрзо враќање на редовниот факултетски живот, наставата и уметничките активности на нашите студенти кои и натаму ќе бидат значаен дел од прославата на 24 Мај. 

На 22 мај (петок) 2020 година, во пресрет на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, делегација на Факултетот за музичка уметност – Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на платото на универзитетскиот кампус.