Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Musica Viva за деца“ (#3) – Младински албум, Властимир Николовски – Даниел Петрески, студент од класата на проф. д-р Марија Ѓошевска

Објавено на: 13 декември 2021

Третиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ донесува осум става (8–15) од Младинскиот албум (1960) од композиторот, долгогодишен професор и прв декан на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност, Властимир Николовски (1925–2001).
Изведбата е на Даниел Петрески – апсолвент на програмата за музичка теорија и педагогија и студент на IV година на пијано во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска изведува осум става од Младинскиот албум.

Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.

https://www.youtube.com/playlist?list=PLudg2mgYY40ArIkpl2iCTrKUk0ZKIv1oO

 

Властимир Николовски
Младински албум (1960)
Даниел Петрески – музичка теорија и педагогија, апсолвент и пијано, IV година
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска

Тажачка

 

Во орото

 

Страв

 

Неизвесност

 

Караница

 

Песна

 

Страшна приказна

 

Танец