Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Musica Viva за деца“ (#4) – студенти од класите на проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска и вонр. проф. м-р Марија Вршкова

Објавено на: 16 декември 2021

Четвртата серија „Musica Viva за деца“ ни донесува изведби на композиции од Детската суита (1954) од Драгослав Ортаков (1928–2007), музиколог, композитор и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност и Детските минијатури (1957) на композиторот Благоја Ивановски (1921–1994), еден од првите симфоничари во современата македонска музика. Настапуваат студенти од класите на проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска и вонр. проф. м-р Марија Вршкова.

Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.

https://www.youtube.com/playlist?list=PLudg2mgYY40ArIkpl2iCTrKUk0ZKIv1oO

Драгослав Ортаков
Детска суита – Стариот учител
Елена Петреска – пијано
IV година, пијано
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска


Драгослав Ортаков
Детска суита – Во школски двор
Елена Петреска – пијано
IV година, пијано
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Облаче
Ивона Огненоска – пијано
II година, соло пеење
Класа: проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Зајче
Ивона Огненоска – пијано
II година, соло пеење
Класа: проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Песничка
Нора Бајрами – пијано
IV година, музикологија
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Гладно врапче
Нора Бајрами – пијано
IV година, музикологија
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Дедо Мраз
Нора Бајрами – пијано
IV година, музикологија
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Весела игра
Сара Стојковска – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. м-р Марија Вршкова



Благоја Ивановски
Детски минијатури – Игра на двете џуџиња
Бојан Ивановски – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. м-р Марија Вршкова