Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Објавена книгата за творештвото на проф. д-р Димитрије Бужаровски посветена на неговата солистичка и камерна музика

Објавено на: 16 март 2022

Шестата книга за творештвото на проф. д-р Димитрије Бужаровски е посветена на неговата солистичка и камерна музика. Во книгата се обработени 23 опуса, и соодветно на сите претходни книги кои се дел автомузиколошкиот проект покрај делата на Бужаровски обработува и голем број настани и поединци од македонската музичка култура чиј современик е авторот. Електронското издание од сите книги од овој проект, вклучувајќи ја и последната, може бесплатно да се преземе од веб страницата на архивот БузАр http://buzar.mk

Димитрије Бужаровски
Солистичка и камерна музика

(51.8 mb)

Солистичките и камерните дела разработени во книгата може да се проследат на посебна плејлиста.

Видеото поставено на јутјуб каналот на архивот БузАр содржи преглед низ страниците на книгата и видео и аудио примери од обработените дела.