Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ „МЛАДИ ОПЕРСКИ НАДЕЖИ – КОСТА ТРПКОВ“ со студентите на ФМУ

Објавено на: 15 јуни 2022

Студентите од студиската програма по соло пеење на ФМУ учествуваат на традиционалниот гала оперски концерт МЛАДИ ОПЕРСКИ НАДЕЖИ – КОСТА ТРПКОВ со оркестарот на НУ Национална опера и балет под диригентско водство на Андреј Наунов. Настапуваат студентите од класите по соло пеење на проф. м-р Марија Муратовска-Наумовска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова и вонр. проф. м-р Ана Дурловски, како и од класата по вокално студио на доц. м-р Бисера Чадловска. На програмата се оперски арии и ансамбли. Концертот ќе се одржи на 17 јуни во Салонот на НУ Национална опера и балет со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.