Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување на испити во есенската испитна сесија 2021/2022 година

Објавено на: 05 август 2022

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии, дека пријавувањето на испитите за есенската испитна сесија 2021/2022, ќе се врши во периодот од 15.8. до 18.8.2022 година.

Во истиот период, потребно е испитите да се пријават електронски во Iknow системот и да се достават пријави за испити во одделението за студентски прашања.

* Студентите кои ги пријавиле испитите во летната сесија, а не излегле на испит, потребно е повторно да ги пријават испитите во оваа сесија и да достават нови пријави за испити.