За првпат во историјата на Факултетот за музичка уметност од Скопје, еден наш оркестарски ансамбл учествуваше на меѓународен музички натпревар.
Имено, студентите членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ" под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски го претставија факултетот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" како и нашата држава на фестивалот „Bratislava spring festival" кој традиционално се одржува во последната третина од месец март во главниот град на Словачка.
Нашиот оркестар настапи на три концерти, а зеде учество и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири комисијата на нашиот оркестар да му додели златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија како и Гран При награда на фестивалот.
Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ваквото врвно достигнување е нешто што го подигнува духот на студентите но и на сите млади луѓе, покажувајќи дека со знаење, посветеност и квалитетна работа ништо не е недостижно и невозможно.
Овој успех се постигна благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи кои таквата поддршка стално ја оплодуваат со врвни достигнувања.
Уким
Министрество за образование и наука
Association Européenne des Conservatoires, Académies de Musique et Musikhochschulen
Erasmus
Младински образовен центар
Македонска филхармонија
Законот за заштита од вознемирување на работно место
Статут ФМУ Универзитетски гласник 448-19
Етичка комисија на УКИМ
Студентски портал
ФМУ Скопје Питу Гули бр.1 1000 Скопје Република Северна Македонија
+389 (0)2 3134 345
fmu@fmu.ukim.edu.mk
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи:Димитри Чапканов