1 јули 2025

Во рамки на низата концерти низ неколку македонски градови, хорот „Драган Шуплевски„ при ФМУ - Скопје под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски зеде учество на меѓународниот хорски фестивал „Vox Lichnidos“ кој се одржа на 21 и 22 јуни во Охрид. Имајќи предвид дека концертот се одржа во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија, професорот Татарчевски за овој настап избра програма која е соодветна за тој простор, односно композиции од духовниот репертоар на хорот. Како и секогаш, многубројната публика но и околу 150 хористи од другите хорови - учесници не можеа да го сокријат воодушевувањето и возбудата по завршувањето на секоја од изведените композиции на нашиот хор.

Контакт

undefined-icon

Питу Гули бр.1, 1000 Скопје

undefined-icon

+389 (0)2 3134 345

undefined-icon

fmu@fmu.ukim.edu.mk

Заштита на укажувачи

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи: Илина Маневска

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:

Проф. Д-р Александар Димитријевски