13 август 2025

Со огромна жалост се збогуваме со нашата драга професорка Милка Ефтимова.

Ефтимова е родена на 26 февруари 1936 година во Радовиш. Беше редовна професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, првенка на Македонскиот народен театар и концертна уметница со извонредно широк дијапазон на репертоарот.

Од оперската сцена јубилејно се простила со Кармен на 6.11.1991 година. Тоа и било 157 претстава. Во Љубљана реализирала 17 премиерни улоги. Најзначајните пред сè биле Кармен (премиера во 1968 година која рецензијата ја нарекла победа и слава на Ефтимова), потоа Грофицата во „Пикова дама“ на Петар Илич Чајковски, Кабаниха во Катја Кабанова на Леош Јаначек, Арлента во Крунисувањето на Помпеја на Клаудио Монтеверди. Хата во комедијата Продадена невеста на Берджих Сметана и мајка Јела во мелодрамата Еквинокциј на Марјан Козина. Своевиден примат остварила со Марфа во „Хованшчина“ на Модест Мусоргски.

Од Љубљана се вратила во 1978 година во Скопје како првенка на Операта при МНТ. Настапувала во низа обновени премиери од железниот репертоар како Трубадур, Кармен, Бал под маски, Евгениј Оњегин, Кавалерија Рустикана, Кнез Игор и Фауст. Реализирала антологиски премиерни улоги како што е Марчелина во „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт и Неда во „Кузман Капидан“ од Трајко Прокопиев.

Погребот ќе се одржи во сабота, 16.08.2025 год., со почеток во 11:00 часот, во Радовиш.

Сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски.

Нека и' е светол патот и вечен споменот.

Контакт

undefined-icon

Питу Гули бр.1, 1000 Скопје

undefined-icon

+389 (0)2 3134 345

undefined-icon

fmu@fmu.ukim.edu.mk

Заштита на укажувачи

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи: Илина Маневска

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:

Проф. Д-р Александар Димитријевски

IN MEMORIAM проф. Милка Ефтимова ( 26.02.1936 - 13.08.2025) | Факултет за музичка уметност Скопје