15 септември 2025

*Школа за млади таленти* на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Школата за млади таленти е наменета за напредните ученици од средните, а и извонредните ученици од основните музички училишта.
Преку нашата Школа, тие ќе можат да стапат во контакт и да работат индивидуално со универзитетски професори, со цел да се негува нивниот талент и унапредат нивните вештини и знаења.

Што можат да изучуваат младите таленти на овие индивидуални часови?
Композиција, диригирање, хармонија, солфеж, виолина, виола, виолончело, контрабас, флејта, обоа, кларинет, фагот, труба, хорна, тромбон, саксофон, туба, ударни инструменти, гитара, хармоника, пијано, соло-пеење, харфа, класичен балет, современ и модерен танц,
како и бас, гитара, тапани, пеење, саксофон, пијано од областа на популарните жанрови.

Што добивате?
Индивидуална настава со врвни уметници и професионалци, 14 часа во еден семестар, во просториите на ФМУ и сертификат од Факултетот за музичка уметност - Скопје за секој завршен семестар.

Како да се пријавам?
За пријавување и повеќе информации, контактирајте нè на fmu@fmu.ukim.edu.mk и studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk.

Уписите се во тек, најдоцна до 30.9.2025 год.

Ве очекуваме!

Контакт

undefined-icon

Питу Гули бр.1, 1000 Скопје

undefined-icon

+389 (0)2 3134 345

undefined-icon

fmu@fmu.ukim.edu.mk

Заштита на укажувачи

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи: Илина Маневска

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:

Проф. Д-р Александар Димитријевски

*Школа за млади таленти* на Факултетот за музичка уметност - Скопје | Факултет за музичка уметност Скопје