Објавено на: 30 декември 2016

*** НАЈНОВИ ИЗМЕНИ **** Зимска испитна сесија - Јануари 2017 година

Почитувани студенти,

термините за зимскиот испитен рок, во учебната 2016/2017 година, се објавени во прилог. 


Испитна сесија Јануари 2017..doc

Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бурхан Азизи

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентот БУРХАН АЗИЗИ.

 

Комисија: 

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. м-р Снежана Димчевска

Вонр. проф. д-р Трена Јорданоска

                   

                   

 

Изготвил: Ана Поповиќ - Славковиќ


Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бобан Ковачевски

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот БОБАН КОВАЧЕВСКИ.

 

Комисија: 

Вонр. проф. д-р Снежана Филиповска

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска

                   

                   

 

 

                   


Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бојан Лазаров

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот БОЈАН ЛАЗАРОВ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Кренаре Невзати

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска

                   

                   

 

 

                   

                   

 

 


Објавено на: 21 декември 2016

Пријавување на испити за зимска испитна сесија 2016/2017 година

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 26.12.2016 - 29.12.2016 (од 10 – 14 часот).

Потребни документи:

  • Индекс;
  • Уредно и целосно пополнети пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат од одделението за студентски прашања).

 За студентите кои нема да ги пријават испитите во предвидениот рок, ќе се наплаќа казна за ненавремено пријавување на испити. 

НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки и во пријавите и во IKNOW системот.

 

Во прилог на ова известување, може да ги погледнете и упатството за пријавување на испитите во Iknow системот и упатството за електронска наплата на административни таксени марки. 

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ.docx

Објавено на: 15 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Драгана Даутовска

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 22.12.2016(четврток), со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи завршен испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА – ХОРСКО ДИРИГИРАЊЕ на студентката ДРАГАНА ДАУТОВСКА.

 

Комисија:  Проф. м-р Сашо Татарчевски

                   Проф. м-р Саша Николовски - Ѓумар

                   Вонр. проф. д-р Ивица Зориќ

                   

                   

 


Објавено на: 07 декември 2016

Свечен концерт по повод 50 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

На 6.12.2016 година, се одбележаа 50 години од основањето на најстарата високообразовна музичка институција во Република Македонија - Факултетот за музичка уметност – Скопје.

На овој значаен Јубилеј, в. д. Деканот на Факултет за музичка уметност - Скопје, проф. м-р Зоран Пехчевски, додели посебни благодарници на институциите кои изминативе години несебично го подржуваа Факултетот и ја даваа својата поддршка за неговиот развој - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Министерството за култура на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

На свечениот концертот на кој настапија Симфонискиот оркестар на ФМУ, биг-бендот, хорот и оркестарот на народни инструменти, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски и проф. м-р Саша Николовски – Ѓумар, премиерно беше изведена композицијата „Твојот пат“ од проф. Живоин Глишиќ, која специјално беше компонирана за овој настан, а имавме и исклучителна можност да чуеме и премиерна изведба на композиции од Г. Свиридов, И. Стравински, Д. Мијо, Х. Вила-Лобос и А. Гинастера.

Како солисти на овој концерт настапија и поранешните студенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје, баритонот Иван Наумовски и сопранот со светска слава, доц. м-р Ана Дурловски. 

Концертот беше во соработка со продуцентската куќа „La Fura dels Baus“ од Шпанија.

 


Објавено на: 06 декември 2016

Орден за заслуги на Факултетот за музичка уметност - Скопје

На 6.12.2016 година (вторник), Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, го закити Факултетот за музичка уметност - Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Орден за заслуги за Македонија.

Оваа свечена церемонија се одржа на 50 годишнината од основањето на најстарата музичка високообразовна институција во Република Македонија - Факултетот за музичка уметност - Скопје, за особено постигнатите резултати во образовната, уметничката и научната дејност, како и во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот.


Објавено на: 05 декември 2016

Научен собир „Едукација, традиција, современи тенденции“

На 5.12.2016 (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје ќе се одржи научен собир насловен „Едукација, традиција, современи тенденции“.

Повелете, ќе ни биде драго да присиствувате.


Објавено на: 30 ноември 2016

50 години - Факултет за музичка уметност - Скопје - Јубилеен концерт!

На 6-ти декември 2016 година (вторник), Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе одбележи 50 години од основањето на Факултетот!

По повод 50-годишнината на Факултетот, во Македонската опера и балет, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи Концерт на кој ќе учествуваат и поранешни и сегашни студенти од Факултетот, симфонискиот оркестар, биг - бендот, оркестарот на народни инструменти, хорот и многу вокални солисти.

Во прилог може да ја погледнете целосната програма за овој прекрасен настан.

Ве очекуваме заедно да го прославиме овој значаен јубилеј 50 години - ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ!

https://www.youtube.com/watch?v=fqGaq4kiNC8&feature=youtu.be

 

 

new poster50godini.pdf