Објавено на: 23 мај 2019

Заверка на летен семестар и пријавување на испитите од јунската испитна сесија 2018/2019 година

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 27.5. - 30.5.201ГОДИНА.

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • ИНДЕКС;
  • ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР;
  • ПРИЈАВА ЗА СЕКОЈ ИСПИТ КОЈ СТУДЕНТОТ ЌЕ ГО ПОЛАГА ВО ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА И ЗА КОЈ ОСТВАРИЛ ПРАВО НА ПОТПИС ОД ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР;
  • ПОПОЛНЕТ АНКЕТЕН ЛИСТ ЗА СЕКОЈ НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБВРСКИ:

Студентите имаат обврска испититеда ги пријават и во IKNOW системоти во горниот десен агол на секоја пријава за испит да го запишат кодот што ќе го добијат од системот за секој наставен предмет.

Студентите од I година во индексите потребно е да имаат доказ за остварени активности по физичко образование и за спроведен систематски преглед.

 

Во прилогот може да ја погледнете јунската испитна сесија (2019). 

JunskaSesija2019.pdf

Објавено на: 22 февруари 2019

Прифатени програми и наслови на теми за изработка на докторски дисертации

Солгасно член 21 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/18), во прилог прифатените програми и наслови на теми за изработка на докторски дисертации, прифатени од Наставно-научниот и уметнички совет на Факултетот за музичка уметност - Скопје. 

Прифатени програми и наслови на теми за изработка на докторски дисертации.doc

Објавено на: 15 февруари 2019

Распоред на часови за летниот семестар од учебната 2018/2019 година

Почитувани, 

во прилог е објавен распоредот на предавања за летниот семестар од учебната 2018/2019 година.
Наставата за сите студенти ќе започне од 18-ти февруари (понеделник).

 

Распоред за летен семестар 2018-2019.pdf

Објавено на: 15 февруари 2019

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2018/2019 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2018/2019

 

   СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  18.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
  •  19 - 20.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

 Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот семестар);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена II рата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2017/2018во висина од 406,00 денари за еден кредит.

 

Напомена:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 15.2.2019 година.

  

* НАСТАВАТА ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР, ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 18-ти ФЕВРУАРИ 2019 (ПОНЕДЕЛНИК).

Примери за уплати.docx

Објавено на: 15 февруари 2019

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2018/2019 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2018/2019

 

   СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  18.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
  •  19 - 20.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

 Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот семестар);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена IIрата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2017/2018, во висина од 406,00 денари за еден кредит.

 

 Напомена:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 15.2.2019 година.

  

* НАСТАВАТА ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР, ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 18-ти ФЕВРУАРИ 2019 (ПОНЕДЕЛНИК).

 

Примери за уплати.docx

Објавено на: 28 декември 2018

Семинар по современа танцова импровизација како дел од програмата на катедрата за балетска педагогија - современ танц

Вонр.проф. д-р Искра Шукарова во соработка со Грегор Камникар од Словенија организира семинар по современа танцова импровизација кој ќе се одржи од 27 до 28 декември во МОБ.

Учество ќе земат сите студентите од прва до четврта година. Целта на семинарот е да продожи соработката со Камникар кој веќе конитунуирано соработува со студентите и со кои веќе има реализирано успешен настан во фоајето на МОБ на 31 март 2018 година.

Грегор Камикар е истакнат уметник од Словенија како дел од проектот The game M ја покани вонр. проф. д-р. Искра Шукарова во Љубљана, септември 2016 година каде тие работеа на делото “MC2=Ǝ, movement exhibition” кое беше истражување помеѓу вонр. проф. д-р Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија-Циркулација 2 (http://bit.ly/2DiGvKy).


Објавено на: 27 декември 2018

Пријавување на испитите за зимската испитна сесија (јануари - февруари 2019)

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2019), ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 8-ми ДО 10-ти ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА.

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW. Серискиот број на пријавата кој ќе го добиете од Iknow системот,  потребно е да се запише во горниот десен агол на хартиената пријава.


Објавено на: 29 ноември 2018

Свечено одбележување на 52 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Почитувани, 

ве известуваме дека на 5.12.2018 година (среда), со почеток во 20 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи Концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, по повод одбележувањето на 52-рата годишнина од основањето на Факултетот. 

 

Истовремено, ве известуваме дека на денот на основањето на Факултетот - 6.12.2018 година (четврток), во 18 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи и промоција и свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв и втор циклус студии. 


(#1)


Објавено на: 28 септември 2018

Запишување на примените кандидати пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, во I година на Факултетот за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 1-ви октомври, 2018 година.

 Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина

-       6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;

-       12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплaтени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка:

-       цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 Жиро сметките за уплата на сите трошоци за студирање може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

Уплатници_42371_362.docx

Објавено на: 28 септември 2018

Прв академски час и доделување на индексите на новата генерација запишани студенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Почитувани студенти,

ве известуваме дека на 1.10.2018 (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи прв академски час за прием на новата генерација запишани студенти на Факултетот, во учебната 2018/2019 година.

Во рамки на првиот академски час ќе се одржи Свечен концерт и доделување на индексите на идните студенти.

                       

 *Присуството  е задолжително!