Објавено на: 06 декември 2020

Обраќање на деканот на ФМУ - Скопје проф. м-р Живко Фирфов до дипломираните студенти на прв и втор циклус студии

Почитувани дипломирани студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје!

Ми претставува особено задоволство во име на вработените на факултетот и во мое лично име денес, на 6 декември – Денот на факултетот, да ви го честитам дипломирањето, со што се вбројувате во новата генерација завршени студенти на нашата институција. Радоста е уште поголема ако се земе предвид дека завршниот, а и најтешкиот дел на вашето студирање се одвиваше во неочекуваните вонредни околности на пандемија, кога сите ние и поединично, и како институција се соочивме со многу предизвици. Часовите и подготовките за дипломски испит се одвиваа во условите на онлајн наставата за која сите сме свесни дека не може да се спореди со најпожелниот начин на „живата“ комуникација природна за нашата уметност. Сепак, успеавме да се прилагодиме на предизвиците, и резултатот на тоа сте вие – нашите дипломци во 2020 година во која Факултетот за музичка уметност – Скопје ја одбележува 54-та годишнина од своето постоење.

Како никогаш досега, важи постулатот дека во педагошкиот процес резултатот е заеднички. Вашите напори и заложби одеа заедно со напорите и заложбите на вашите наставници да ви помогнат да ги достигнете новите сознанија и умеења во вашата професија и да ги совладате препреките и искушенија на вонредните услови. Како декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје горд сум на вас и на сите вработени на нашата институција, бидејќи заедно успеавме да бидеме организирани и одговорни за да ги извршиме нашите задолженија.

Ви пожелувам да ги памтите добрите нешта кои ги научивте во текот на студиите, да им ги пренесувате на следните генерации преку вашата професионална дејност – дали како творци, или како интерпретатори, педагози, новинари, научници. Што и да работите правете го тоа квалитетно и професионално, одговорно, совесно и со задоволство од вашата, односно нашата заедничка најубава професија. Памтете дека сте завршени студенти на првата музичка, а во изминатите 10 години – и балетска високообразовна институција во РС Македонија при нејзиниот прв Универзитет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. И да знаете – Факултетот за музичка уметност секогаш останува ваша матична куќа кадешто сте добредојдени за разговор, консултација, совет, споделување и размена на искуства и, секако, за натамошното стручно надградување на повисоките циклуси на студиите.

Ви пожелувам добро здравје, значајни професионални достигнувања и радост од резултатите на вашиот труд. Нека ве следи среќа во животот – и професионален, и приватен.

Декан на ФМУ – Скопје

проф. м-р Живко Фирфов


Објавено на: 03 декември 2020

Одбележување на 54 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Во 2020 година навршуваат 54 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Годишнината од основањето на институцијата традиционално се одбележува на 6 декември со редица активности и концерти на кои учествуваат студентите, наставниците и ансамблите на ФМУ. Во условите на пандемија 54-та годишнина ќе биде одбележана со свечена седница на Наставно-научниот и уметнички совет на ФМУ – Скопје која ќе се одржи на 7 декември (понеделник) во формат на Zoom конференција. Во текот на седницата ќе бидат прикажани повеќе видеа од активностите на ФМУ во изминатиот едногодишен период, кои беа подготвени од самите студенти и професорите на ФМУ.

(#1)


Објавено на: 26 октомври 2020

Одлука за распишување избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје за учебната 2020/2021 година

Во прилог можете да ја видите Одлуката за распишување избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје за учебната 2020/2021 година

Одлука за распишување избори за претседател и членови на ФСС на ФМУ.PDF

Објавено на: 01 октомври 2020

Упатство за користење на платформа за далечинско учење

Почитувани студенти,

Во продолжение следи упатство за користење на платформата за далечинско учење Office365 која ја содржи алатката Misrosoft Teams.


Упатство за регисрирање за Microsoft Ofice 365 - Microsoft Teams

1. Отвoрeте ја веб страната: servisi.ukim.mk

2. Кликнете во вашиот горен десен агол на копчето „најави се"

3. Откако ќе ви се отвори новиот прозорец, во долниот дел од текстот на вашата десна страна најдете го (обележано во сина боја) „Го заборавив корисничкото име" и кликнете на него

4. Ќе ви се отвори нов прозорец со простор каде треба да ја внесете вашата е-мејл адреса (користете ја вашата е-мејл адреса со која пристапувате на iKnow системот) и кликнете „Прати"

5. Отворете ја вашата е-мејл адреса каде ќе имате мејл (од noreply@finki.ukim.mk) во кој ќе биде наведен вашиот ново корисничко име (во формат: ime.prezime@fmu.ukim.mk)

6. Вратите се на веб страната сервиси, кликнете на копчето „back" за да се вратите на претходното мени, внесете го во графата вашето ново корисничко име (кое го добивте на вашата е-мејл адреса) и кликнете на „Заборавена лозинка" која е во сина боја веднаш под графата каде го внесовте новото корисничко име и кликнете на „Прати линк"

7. На вашата е-мејл адреса (истата на која го добивте новото корисничко име) ќе добиете е-мејл порака со линк до страната за креирање на нова лозинка.

8. Отворете го линкот кој ви е испратен во мејлот (со кликнување на него)

9. Ќе ви се отвори нов прозорец со „Ресетирај лозинка". Внесете ја Вашата нова лозинка, но внимавајте!

10. Новата лозинка мора да содржи голема буква, мала буква, број и специјален знак (#@!£$% и слично)

11. Притиснете на копчето „Ресетирај"

12. Креирањето на профилот треба да е успешно. Тоа се потврдува и со е-мејл кој ќе го добиете.

13. Отидете на веб страната на servisi.ukim.mk

14. Внесете го вашето ново корисничко име и вашата нова лозинка

15. Влегувате во вашиот кориснички профил на УКИМ сервиси

16. Во долниот дел треба да кликнете на копчето „Accept" – со ова вие сте најавени на сите сервиси кои ви ги нуди УКИМ, вклучувајќи и бесплатен пристап до Microsfot Office 365 во кој се интегрирани повеќе алатки како Microsoft Teams, Word, Excel, Outlook и сл, или можете директно да одберете пристап до Microsoft Teams, Word, Outlook, Excell, Powerpoint апликацијата, како и iKnow и Eduroam.

17. Сите овие чекори се дадени и во видеото со упатство: https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4&feature=youtu.be


Објавено на: 30 септември 2020

Одлука за начинот на изведување настава во зимскиот семестар 2020/2021

Почитувани,

во прилог можете да ја видите одлуката за начинот на изведување настава во зимскиот семестар 2020/2021 на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Одлука за начинот на изведување на наставата во зимскиот семестар 2020-2021 година.PDF

Објавено на: 24 септември 2020

Запишување на зимски семестар во учебната 2020/2021 година за студентите од II, III и IV студиска година

                                                                    С О О П Ш Т Е Н И Е

                                                     ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА



ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:

ОД 10.00 ЧАСОТ ДО 12.00 ЧАСОТ :

- 28.9.2020 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА;

- 29.9.2020 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА;

- 30.9.2020 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

 

НАПОМЕНА:

ДОКУМЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО КУТИИ НА ВЛЕЗОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ.

А. Уплатниците прикачете ги на обрасците и сите документи наведени под бр. 1 потребно е да ги ставите во една пластична фолија.

Б. Во друга пластична фолија потребно е да ги ставите индексот и потребните пријави за испити.

 

 

Потребни документи:

1. За запишување на семестар:

- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;

- Образец за запишување на семестар;

- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;

- Образец за заверка на семестар

- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота/12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

- Уплата за презапишување на неположени предмети од зимскиот семестар од учебната 2019/2020, во висина од 406,00 денари за еден кредит;

- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

Целосната листа на универзитетски изборни предмети е објавена на веб страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
http://ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=158&glavno=40

како и листата на изборни предмети на Факултетот за музичка уметност прикачени во прилог.

 

Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете жиро сметките за уплата на сите трошоци. 

2. За пријавување на испитите од летната и есенската сесија:

- Индекс

- Пријави за секој пријавен испит од двете сесии

 

Заради заштита на сечие здравје, ве молиме да се почитуваат Протоколите за постапување во услови на ковид-пандемијата. Документите ќе се поднесуваат исклучиво во кутии на влезот од Факултетот за музичка уметност. Секој студент задолжително треба да носи маска, на влезот на Факултетот да ги дезинфицира рацете и по поднесувањето на документите во соодветната кутија да не се задржува во холот од Факултетот.

За сите прашања и информации, обратете се на е-адресата: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

 

Ви благодариме на разбирањето и ви посакуваме добро здравје и многу успех во текот на студирањето.


Факултет за музичка уметност – Скопје

 

Жиро сметки за уплата на сите трошоци_54403_131 (1).docx Изборни предмети 2 2020.pdf

Објавено на: 09 септември 2020

Конечни ранг листи

Почитувани студенти,

Во продолжение може да ги погледнете конечните ранг листи за запишување на студенти во првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

 

Конечна државна квота 2020, за објава.docx Конечна кофинансирање 2020, за објава.docx Листа вон квота 2020, за објава.docx

Објавено на: 07 септември 2020

Потребни документи за пријавување и запишување на примените студенти на ФМУ - Скопје во првиот уписен рок, во учебната 2020/2021 година

Почитувани студенти,

на 10-ти и 11-ти септември 2020 година, во периодот од
10.00 до 12.00 часот, задолжително треба да ги поднесете оригиналните документи за пријавување и за запишување во Одделението за студентски прашања при ФМУ – Скопје.

Потребни документи за пријавување:

  1. Пријава за запишување (образец А1), се купува во книжарници
  2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. Оригинални свидетелства од сите години од средното образование
  4. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. Потврда за извршена уплатa:
     
    - Административната такса во износ од 50,00 денари
    (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)

    - 1000 денари на жиро - сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ - Факултет за музичка уметност - Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)

Потребни документи за запишување:

  1. Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  2. Образец за запишување на зимски семестар;
  3. Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  4. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  5. Изјава за увид во студентско досие (ќе ја добиете во одделението за студентски прашања);
  6. Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  7. Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  8. Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  9. Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  10. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

- цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.

 

Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете и жиро сметките за уплата на сите трошоци.

Заради заштита на сечие здравје, ве молиме да се почитуваат Протоколите за постапување во услови на ковид-пандемијата. Документите ќе се поднесуваат исклучиво на шалтерот на Одделението за студентски прашања. Секој студент задолжително треба да носи маска, на влезот на Факултетот да ги дезинфицира рацете и по поднесувањето на документите да не се задржува во холот на вториот спрат од Факултетот.

За подетални информации, во тек на работното време обратете се на е-адресата: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

Ви благодариме на разбирањето и ви посакуваме добро здравје и многу успех во текот на студирањето.

Факултет за музичка уметност – Скопје

Уплатници за упис_53399_578.docx

Објавено на: 07 септември 2020

Прелиминарна ранг-листа на кандидати за запишување на прв циклус студии во првиот уписен рок 2020/2021

Почитувани кандидати,

Во прилог може да ја погледнете прелиминарната ранг-листа на кандидати за запишување на прв циклус студии во првиот уписен рок 2020/2021.
Кандидатите имаат право на приговор во рок од 24 часа, најдоцна до 08.09.2020 до 13.00 часот, со испраќање на електронска пошта на следната е-адреса: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Со почит,

Одделение за студентски прашања
ФМУ-Скопје

Прелиминарна 2020, за објава.docx

Објавено на: 04 септември 2020

Упатство за пријавување на кандидати на прв циклус студии во вториот уписен рок

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, во роковите утврдени според Конкурсот на УКИМ, (втор уписен рок: 15 и 16.9.2020) со најавување на iknow системот, а потоа со испраќање на електронска пошта на следниот e-mail:
upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1), се купува во книжари
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
 
- Административната такса во износ од 50,00 денари
(Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)

- 1000 денари на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41) 

 

8. За приемните испити по инструмент, заедно со целосната скенирана документација, кандидатите задолжително да испратат и линк од видео снимка прикачена на YOUTUBE каналот, на e-адресата:

upisi-fmu@ukim.edu.mk

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена.