Објавено на: 04 октомври 2023

Потсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички за субвенциониран студентски оброк

Уживај во студентскиот живот и #ВерувајВоИднината

Но, прво? Одвој време и #ПодигниКартичка

Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.

 

📅 Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк, во академската 2023/2024 година.

💳 Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои ги подигнале своите картички ќе можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи на територија на целата држава, во сите продажни места за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети. Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности.

📱 А за сите студенти, кои сѐ уште не успеале да ја подигнат својата картичка, а имаат добиено смс од Шпаркасе Банка со посочено време и локација за подигнување, со цел да можат да ја користат картичката од месец октомври, треба да ја подигнат што побрзо, односно навремено. А оние кои не ги ажурирале своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, - и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal🌐

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk,како и на телефонскиот број 02/308-7360.

 Дознај повеќе за наменската картичка и за сите поволности на следниот линк: https://bit.ly/3OO1tJg   

 

(#1)

 

 


Објавено на: 25 септември 2023

Листи на изборни предмети

Почитувани студенти, 

во прилог може да ги погледнете листите на изборни предмети кои ќе бидат активни за учебната 2023/2024 година, за студентите од I и II студиска година и за студентите од III и IV студиска година.

Листа на изборни предмети за I и II година.pdf Листа на изборни предмети за III и IV година (6).pdf

Објавено на: 21 септември 2023

Запишување на зимски семестар за студентите од II, III и IV студиска година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-          25.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-          26.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-          27.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА

-          28.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.

 

Потребни документи за запишување:

-                    Индекс (целосно пополнет со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);

-                    Образец за запишување на семестар;

-                    Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;

-                    Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)

-                    Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;

-                    Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;

-        Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит;

-                    Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 27.9.2023 година. 

Жиро сметките за уплата се во прилог.


Објавено на: 04 септември 2023

Дополнителен распоред за полагање на приемниот испит по солфеж, за кандидатите пријавени за упис на прв циклус студии во првиот уписен рок од учебната 2023/2024

(#1)


Објавено на: 14 август 2023

Подготвителна настава за приемни испити за упис на Прв циклус студии

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ

 

Се известуваат сите заинтересирани кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дека Факултетот организира индивидуална и групна подготвителна настава по инструмент, основи на хармонијата и солфеж, како подготовка за приемните испити.

         Подготвителната настава ќе се реализира во периодот од 21.8. до 25.8.2023 година.

          Пријавувањето на заинтересираните кандидати за подготвителна индивидуална или групна настава, ќе се врши во периодот од 14.8. до 18.8.2023, во одделението за студентски прашања на Факултетот или на следнава меил адреса studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

 

          Износот за подготвителна настава (час), во времетраење од 60 минути, изнесува 1000 денари.


Објавено на: 11 јули 2023

Пријавување на испити за есенската испитна сесија 2022/2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

за пријавување на испити за есенската испитна сесија 2022/2023

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии дека пријавувањето на испитите за есенската испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 23.8. – 25.8.2023 година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- индекс

- пријави за испити, целосно пополнети*

*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.

 

Студентите кои нема да ги достават пријавите за испити во одделението за студентски прашања во предвидениот рок, пријавувањето ќе може да го направат со уплата на казна, во висина од 400 денари по испит.

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 21.8. до 24.8.2023 година и е задолжително за сите студенти.

 

Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 24.8.2023.

 


Објавено на: 10 јули 2023

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2023202ГОДИНА

 

 Пријавување на кандидати во прв уписен рок30.8. и 31.8.2023 година

Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 1.9. до 6.9.2023 година

         *распоредот за приемните испити е во прилог

Објавување прелиминарна ранг-листа - 6.9.2023 година

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 11.9.2023

Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 12.9. и 13.9.2023

 

Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените (оригинал)
  • доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa: aдминистративна такса во износ од 50,00 денари и уплата од 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

  

Електронското пријавување ќе биде активно во месец август.

 

Во прилог на ова известување може да погледнете:

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година

- Испитни барања и програми за приемни испити 

- Распоред на приемни испити во првиот уписен рок

- Упатство за електронско пријавување

- Известување за организирање на подготвителна настава

- Жиро сметка за уплата за приемни испити

- Жиро сметка за уплата на административна такса

- Одлука за доделување стипендии на првите 10 кандидати на конечната ранг листа на примени кандидати

 

Konkurs_I_ciklus_ 2023-24.pdf Барања и програми за приемните испити ФМУ-Скопје 2022.pdf Упатство за електронско пријавување.docx Известување за подготвителна настава.docx Жиро сметка за уплата на приемни испити.doc Жиро сметка за уплата на административна такса.docx stipendii 2023-24.pdf Приемни испити.docx

Објавено на: 17 мај 2023

Соопштение за заверка на летен семестар и пријавување на испитите за летната испитна сесија 2022/2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверка на летен семестар и пријавување на испити за летната испитна сесија 2022/2023

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии дека заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летната испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 25.5. – 30.5.2023 година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- индекс

- образец за заверка на семестар

- пријави за испити, целосно пополнети*

*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.

- пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат во одделението за студентски прашања).

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 23.5. до 29.5.2023 година и е задолжително за сите студенти.

Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 29.5.2023.


Објавено на: 26 април 2023

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Драги матуранти, наши идни студенти!

 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023, во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!

 

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

 

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности

 

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...

 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

 

Се гледаме на 27  април.

ОТВОРЕН ДЕН на УКИМ - YouTube

 

(#1)

 

 


Објавено на: 07 февруари 2023

Рокови за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023 година, за студентите запишани на прв циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023

 

   СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  10.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
  •  13.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
  • 14.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III ГОДИНА
  • 15.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.

 

Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар);
  • Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена II рата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит.
  • Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.

 

Напомена:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2023 година.

 

 Жиро сметките за уплата може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

 

 

 

 

 

 

 

Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација.doc