Објавено на: 02 април 2020

Одлука за начинот на реализација на дејностите на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Почитувани,

Во прилог е Одлуката за начинот на реализација на дејностите на Факултетот за музичка уметност – Скопје, согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.

ФМУ - Скопје

Одлука за реализација на дејностите на ФМУ согласно мерките на надлежните органи на РСМ за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.pdf

Објавено на: 24 март 2020

Известување за продолжување на мерките за прекинување на образовниот процес

Почитувани,

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на дваесет и петтата Седница одржана на 21.03.2020 година, сите претходно донесени заклучоци, за кои бевте известени, а со кои се даваат мерки, препораки и насоки, се продолжуваат и важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

ФМУ - Скопје


Објавено на: 10 март 2020

Известување согласно мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот

Почитувани,

Факултетот за музичка уметност - Скопје, го запира одвивањето на наставниот процес во тек на наредните 14 денови.

Факултетот за музичка уметност - Скопје, согласно мерките и активностите за превенција од ширење на корoнa вирусот, ќе биде затворен заклучно со 24.3.2020 година.

Веќе закажаните испити со учество на поголеми ансамбли (хор, симфониски оркестар, гудачки и дувачки оркестри), се одлагаат.

Веќе закажните индивидуални испити ќе бидат од затворен карактер (кандидат, соработници, комисија), без публика.

Во прилог ви го доставуваме Известувањето бр. 03-415/1 од 10.3.2020 година, од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ФМУ - Скопје

Izvestuvanje za merki i aktivnosti protiv korona virus.pdf

Објавено на: 03 март 2020

Одлука за распишување на избор на 1 претставник од четврта година за член на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност- Скопје

Во прилог е одлуката за распишување на избор на 1 претставник од четврта година за член на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност- Скопје

Одлука 3.3.2020.pdf

Објавено на: 27 февруари 2020

Насоки за ИТНО и ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСТАПУВАЊЕ

Во прилог може да ги погледнете насоките за итно и задолжително постапување согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година.

Сите студенти кои во последниве 2 (две) недели патувале или живеат со некој којшто патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања, Пиемонт во Италија како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван во наредните две недели (започнувајќи од 27.2.2020) се ослободени од настава.

Студентите потребно е да се пријават на e-mail адресата на Одделението за студентски прашања: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

Насоки за ИТНО постапување (1).pdf

Објавено на: 15 февруари 2020

РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ ЗА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ОД УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

Во прилог може да го видите распоредот на часови за летниот семестар од учебната 2019/2020 година. Распоредот е ажуриран на 8.02.2020 година.

Распоред, летен семестар 2019-A8022020.pdf

Објавено на: 04 февруари 2020

Запишување на летен семестар во академската 2019/2020 година за студентите од прв циклус на студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-  17-ти, 18-ти и 19-ти февруари 2020, во Одделението за студентски прашања во периодот од 11.00 - 13.00 часот

 Потребни документи за запишување:

-             Индекс со сите оценки од положените испити;

-             Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;

-             Образец за запишување на семестар;

-             Образец за заверка на семестар;

-             Потврда за уплатена рата школарина: 6150,оо денари (100 евра) за студентите запишани во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра) за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

-             Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

-            Уплата за презапишување на неположени предмети во висина од 406,00 денари за еден кредит;

 

Жиро сметки за уплата на сите трошоци_54403_131-1.docx

Објавено на: 23 јануари 2020

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок во учебната 2019/2020 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК,

ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 8-ми ЈАНУАРИ ДО 2-ри МАРТ 2020 ГОДИНА.

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 3-ти до 5-ти МАРТ 2020 ГОДИНА.

 

 Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • оригинален документ за завршен завршен прв циклус студии (уверение или диплома);
  • куса биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.

Бројот на слободни места за вториот уписен рок, по студиска програма, може да го погледнете во прилог. 
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-II-ciklus-II-rok-2019_2020.pdf

Напомена:

!         Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

 !         Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб странаwww.upisi.ukim.edu.mk

 


Објавено на: 27 декември 2019

Пријавување на испити

С О О П Ш Т Е Н И Е

за пријавување на испити

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2019/ 2020, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД   8.1.2020 - 10.1.2020 (од 11 – 13 часот)

 

 

Потребни документи:

  • Индекс;
  • Уредно и целосно пополнети пријави за испити (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат од одделението за студентски прашања во деновите на пријавување на испитите).

 

Студентите што нема да пријават испит во предвидениот рок немаат право на учество во испитната сесија, освен со посебно овластување од студентската служба.

Во казнениот рок (после 10.1.2020) пријавувањето на испитите чини 400 денари по пријава и истите ги приложувате во студентската служба.

 

НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW.

 

Во прилог можете да ја погледнете зимската испитна сесија (ажурирана на 10.01.2020).

Зимска испитна сесија 2020 1001.pdf

Објавено на: 04 ноември 2019

Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Факултет за музичка уметност - Скопје

Во прилог е одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Одлука за распишување избори за претседател и членови на ФСС.pdf