Објавено на: 08 јуни 2021

Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на концертот со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на 10 јуни (четврток) во 20 часот

Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на традиционалниот концерт со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на кој се претставуваат студентите од државните факултети за музичка уметност. На концертот учествуваат Ана Спасовска (III година оркестарско диригирање, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски (IV година контрабас, класа: м-р Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева (IV година флејта, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (III година пијано, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ (IV година удирачки инструменти, класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).

Концертот ќе се одржи на 10 јуни (четврток) во 20 часот под диригентска палка на проф. м-р Борјан Цанев. На програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.


Објавено на: 31 мај 2021

Концерт на Хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ на 1 јуни 2021 година (вторник)

Студентските ансамбли на ФМУ – Скопје по долга пауза се враќаат на концертен подиум.

Хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ ќе одржат целовечерен концерт на 1 јуни 2021 година (вторник) во Фоајето на НОБ. Со ансамблите ќе диригира Магдалена Кочоска, студент на IV година по оркестарско диригирање во класата на проф. м-р Сашо Татарчевски.

 

Почетокот е во 20 часот. Влезот е слободен, но со ограничен број на посетители. За резервација на места ве молиме јавете се на телефонскиот број 071 912 555 или на мејлот fmu@fmu.ukim.edu.mk

 

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.


Објавено на: 26 мај 2021

Одбележување на 24 Мај – Патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 72-годишнината од неговото основање

Почитувани,

На 26 мај (среда) 2021 година, во чест на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, делегација на Факултетот за музичка уметност – Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на платото на универзитетскиот кампус.


Објавено на: 24 мај 2021

Честит 24-ти Мај - патрониот ден и 72-годишнината од основањето на УКИМ

Почитувани,

Денес се одбележува „24 Мај“ – патрониот ден и 72-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Нека е честит и вечен споменот на сесловенските просветители.

Пријатен празничен ден,

Факултет за музичка уметност - Скопје


Објавено на: 12 мај 2021

Заверка на летен семестар и пријавување на испитите за летната испитна сесија 2020/2021

(#1) (#2)


Објавено на: 11 мај 2021

Резултати од аудицијата на НУ Филхармонија на РСМ

Почитувани колеги,

во прилог е доставениот допис од НУ Филхармонија на РСМ во кој можете да погледнете кои студенти ја положиле аудицијата и ќе настапат како солисти на концертот со оркестарот на НУ Филхармонија на РСМ кој ќе се одржи на 10.06.2021 година.

Izvestuvanje FMU.pdf

Објавено на: 29 април 2021

Листа на студенти од ФМУ - Скопје за аудиција за концерт на студентите од државните музички факултети со Филхармонија на Република Северна Македонија

Листа на студенти од ФМУ - Скопје кои ја поминаа интерната аудиција на факултетот и кои ќе земат учество на главната аудиција со физичко присуство за концерт на студентите од државните музички факултети со Филхармонија на Република Северна Македонија:

 

Базгалоска Ивона (пијано),

Велкова Памела (виолина),

Гичевска Анастасија (пијано),

Гроздановски Дарко (виолина),

Здравковиќ Зорица (удирачки инструменти),

Јанаќиева Пандорка (флејта),

Кожумановски Кристијан (контрабас),

Кочоска Магдалена (оркестарско диригирање),

Петрески Филип (хармоника),

Рошков Митко (труба),

Селим Анел (кларинет),

Спасовска Ана (оркестарско диригирање),

Ќека Мимоза (пијано).


Објавено на: 23 февруари 2021

Конкурс „Млади музички уметници“ од Агенцијата за млади и спорт

 Почитувани студенти,

 

Агенцијата за млади и спорт по осми пат ги објави конкурсите за „Млади поети“ и „ Млади уметници'', како и за прв пат Конкурс „Млади музички уметници''. 

Оваа година Конкурсите се дел од  Националнта Програма „2021- година во чест на Блаже Конески''.

 

 

Повеќе информации за Конкурсот за млади музички уметници може да најдете на следниов линк: 

http://ams.gov.mk/images/konkurs_za_objava_-_mladi__muzicari-converted_NAJNOV.pdf

 

 

 

 

konkurs_za_objava_-_mladi__muzicari-converted_NAJNOV.pdf

Објавено на: 05 февруари 2021

Информација за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар за студентите од прв циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар од учебната 2020/2021 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи. 

Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и  задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки: 

  • секој студент да дојде во наведените термини, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење; 

  • студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 и 0/2, да ги напишат наставните предмети од зимскиот и од летниот семестар во своите индекси; 

  • откако целосно ќе се пополни индексотзаедно со останатата документацијаќе се остави во кутија која ќе се наоѓа во холот на факултетот

 

Доставување на документи за упис за студенти од година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) 

8.2.2021 (понеделник) 

10 – 11 часот 

4303 – 4313 

8.2.2021 

11 – 12 часот 

4313 – 4324 

8.2.2021 

12 – 13 часот 

4325 – 4335 

8.2.2021 

13 – 14 часот 

4336 – 4346 

8.2.2021 

14 – 15 часот 

4347 – 4356 

 

Доставување на документи за упис за студенти од II година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) 

9.2.2021 (вторник) 

10 – 11 часот 

4247 – 4257 

9.2.2021 

11 – 12 часот 

4258 – 4268 

9.2.2021 

12 – 13 часот 

4269 – 4279 

9.2.2021 

13 – 14 часот 

4280 – 4291 

9.2.2021 

14 – 15 часот 

4292 – 4302 

 

Доставување на документи за упис за студенти од III година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до 

10.2.2021 (среда) 

10 – 11 часот 

4160 – 4174 

10.2.2021 

11 – 12 часот 

4175 – 4190 

10.2.2021 

12 – 13 часот 

4191 – 4206 

10.2.2021 

13 – 14 часот 

4207 – 4222 

10.2.2021 

14 – 15 часот 

4223 - 4238 

 

Доставување на документи за упис за студенти од III и IV година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до 

11.2.2021 (четврток) 

10 – 11 часот 

4060 – 4074 

11.2.2021 

11 – 12 часот 

4075 – 4090 

11.2.2021 

12 – 13 часот 

4091 – 4105 

11.2.2021 

13 – 14 часот 

4106 – 4120 

11.2.2021 

14 – 15 часот 

4121 – 4137 

 

Доставување на документи за упис за студенти запишани со број на индекс од 4138 до 4159  и за студенти запишани пред 2017 година -  12.2.2021 (петок), од 9 – 15 часот. 

   

Потребни документи: 

  • Пополнет индекс; 

  • Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети  кои студентот ги следел во изминатиов семестар); 

  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар); 

  • Потврда за уплата на втора рата школарина; 

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства; 

  • Уплати за презапишување на не положени предмети од летниот семестар во учебната 2019/2020 година.

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во Iknow системот.  

За запишување на летниот семестар потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 10.2.2021 (среда). 

 

За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте не на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk 

 

Жиро сметки за уплати.pdf

Објавено на: 03 февруари 2021

Информации за студентите запишани на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност- Скопје

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Се известуваат студентите запишани во вториот уписен рок на втор циклус, во учебната 2020/2021 година, дека заверката на зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

Потребни документи за заверка:

 - образец за заверка на семестар;

 - индекс и

 - уплата за трета рата школарина.

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Се известуваат студентите запишани на втор циклус студии во октомври 2020 година, дека заверката на зимскиот, запишувањето на летниот семестар и пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија 2020/2021, ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

Полагањето на испитите од зимската испитна сесија, ќе се започне од 15.2.2021 и ќе трае до 5.3.2021 година.

Потребни документи:

- индекс;

- образец за заверка на зимскиот семестар;

- образец за запишување на летниот семестар;

- уплата за втора рата школарина;

- пријави за испити (задолжителна е и електронска пријава во Iknow системот);

- образец „прилог кон пријава за испит“, за студентите кои ќе полагаат главен предмет;

- уплати за испити.

 

За дополнителни информации, контактирајте не на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

 

Прилог кон пријава.docx