Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНЦЕРТ НА ПЕТР ЛАУЛ - РУСИЈА

Објавено на: 02 мај 2017

Брилијантниот пијанист, Петр Лаул, на огромно задоволство на љубителите на музиката, на 3-ти мај, 2017 година, во Дом на АРМ со почеток во 20 часот ќе одржи солистички концерт. На програмата се дела од Моцарт, Дебиси и Мусоргски. 

На 4.5.2017 година, Петр Лаул ќе одржи и семинар за студентите од студиската програма за пијано од Факултет за музичка уметност - Скопје, во периодот од 11:00 до 15:00 ч. во Концертната сала на ФМУ - Скопје. Влезот за семинарот е слободен за сите заинтересирани слушатели.