Објавено на: 01 декември 2022

Упатство за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Објавено на: 28 ноември 2022

Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание
ФСС.pdf

Објавено на: 11 ноември 2022

Концерти Musica Viva и концертна активност на ФМУ, зимски семестар 2022/23 – Концертна сала

16.11.2022 Концерт на класата по гитара

23.11.2022 Концерт  на катедрата по соло пеење и дувачки инструменти

 30.11.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти

6.12.2022 Свечен концерт на оркестарот, хорот, камерниот оркестар и другите ансамбли по повод денот на ФМУ, во Македонската Филхармонија

 15.12.2022 Концерт на балетскиот оддел при ФМУ на мала сцена во НОБ

19.12.2022 Концерт на отсекот за популарни жанрови и народни инструменти

 21.12.2022 Концерт на катедрата за гудачки инструменти

26.12.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти

 28.12.2022 Концерт на катедрата по гудачки инструменти


Објавено на: 30 септември 2022

Прв академски час за новата генерација запишани студенти на Факултетот во музичка уметност - Скопје, во учебната 2022/2023 година

Се известуваат студентите запишани за прв пат во прва година на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, дека во понеделник - 3.10.2022, во 12 часот, во Големата концертна сала на Факултетот ќе се одржи прв академски час.

Првиот академски час ќе биде проследен со пригодна концертна програма подготвена од нашите студенти и професори, која може да ја погледнете во прилог,  по што ќе следи доделување на индексите на новата генерација запишани студенти.

(#1)


Објавено на: 23 септември 2022

Соопштение за запишување на примените кандидати од ВТОРИОТ уписен рок, пријавени за упис на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2022/2023 година, ќе се врши на 26-ти септември, 2022 година, со физичко доставување на документите.

Потребни документи:

  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

Жиро сметките за уплата се прикачени во прилог на ова соопштение.

 

 

 


Објавено на: 21 септември 2022

Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2021 година, претседател на Р. Северна Македонија

Почитувани студенти,

на следниот линк ви споделуваме повеќе информации за признанието „Успешни млади“ за 2021 година.

https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/


Објавено на: 09 септември 2022

Соопштение за запишување на зимски семестар од учебната 2022/2023 година за студентите од повисоките студиски години

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-          19.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-          20.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-          21.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА

-          22.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2018 ГОДИНА.

 Потребни документи за запишување:

-                    Индекс (индексот задолжително претходно да се подигне од одделението за студентски прашања и да се пополни со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);

-                    Образец за запишување на семестар;

-                    Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;

-                    Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)

-                    Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;

-                    Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;

-                    Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит;

-                    Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат. Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2022 година. 

 


Објавено на: 09 септември 2022

Соопштение за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, пријавени за упис на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

 Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2022/2023 година, ќе се врши на 12-ти и 13-ти септември, 2022 година, со физичко доставување на документите.

  Потребни документи:

  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"

 

 Жиро сметките за сите уплати се објавени во прилог на ова соопштение. 


Објавено на: 05 август 2022

Пријавување на испити во есенската испитна сесија 2021/2022 година

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии, дека пријавувањето на испитите за есенската испитна сесија 2021/2022, ќе се врши во периодот од 15.8. до 18.8.2022 година.

Во истиот период, потребно е испитите да се пријават електронски во Iknow системот и да се достават пријави за испити во одделението за студентски прашања.

* Студентите кои ги пријавиле испитите во летната сесија, а не излегле на испит, потребно е повторно да ги пријават испитите во оваа сесија и да достават нови пријави за испити.