Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на млади оперски надежи "Коста Трпков“

Објавено на: 10 јуни 2017

На 12.6.2017 година, ќе се одржи традиционалниот концерт на млади оперски надежи „Коста Трпков“.

На концертот ќе настапат студенти од класите на: проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Билјана Јакимовска, вонр. проф. м-р Славица Петровска Галиќ, вонр. проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Горан Начевски, доц. м-р Ана Дурловски и доц. м-р Игор Дурловски. Младите оперски надежи ќе имаат исклучителна можност да настапат со оркестарот на Македонската Опера и Балет, под диригентското водство на Дијана Имери Илкоска. Концертот ќе се одржи со почеток од 20:00 часот во салонот на Македонската Опера и Балет.