Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржан семинар за студентите од катедрата по ПОПУЛАРНИ ЖАНРОВИ на ФМУ - Скопје

Објавено на: 03 април 2018

Во периодот од 26 до 28 март, во просториите на Факултетот за музичка уметност, ФМУ-Скопје, се одржа семинар воден од тројца професори - Ирина Карамарковиќ – вокал (Србија), Олег Марков – тапани (Украина) и Арменд Џафери – гитара (Косово) за студентите од ФМУ – Скопје и останатите заинтересирани музичари.

Заедничко за овие професори е тоа што сите тројца имаат имаат завршено студии на Џез Универзитетот во Грац (Австрија).

По завршувањето на семинарот се одржа концерт на професорите и студентите на кој беше претставено сработеното во рамките на тридневниот семинар.