Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржан концерт на ФМУ - Скопје - „Вечер на Росини“

Објавено на: 10 мај 2018

На 9.5.2018 година, во концертната сала на ФМУ - Скопје се одржа концерт во рамките на циклусот „MUSICA VIVA“. Концертот беше насловен „Вечер на Росини“ на кој настапија студентите од вокално - инструменталниот оддел од класите на: проф. м-р З. Пехчевски, проф. м-р В. Ѓиновска Илкова, проф. м-р С. Темков, проф. м-р С. Петровска Галиќ, доц. м-р А. Дурловски и доц. м-р Е. Атанасовска Ивановска а во пијано придружба на А. Наунов, С. Баковски и А. Велиновска.