Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на еминентниот виолинист Кирил Трусов со камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ - Скопје

Објавено на: 14 ноември 2014

Стоечки овации и три биса на концертот на еминентниот виолинист Кирил Трусов од Германија со камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ - Скопје

- Три биса по кои следеа стоечки овации го одбележаа вчерашниот концерт на маестралниот виолинист Кирил Трусов. Со одличната изведба на концертите од циклусот „Четири годишни времиња“ на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, овој исклучителен уметник уште еднаш ни докажа дека е вистински виртуоз на својот инструмент. Миленикот на светските сцени, се покажа дека е миленик и на македонската публика, која едвај ја собра во преполната сала на Македонскиот народен театар. И улогата на диригент совршено му прилегаше на Трусов. Тој успеа одлично да се снајде и како предводник на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“.