Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Настап на студентите на ФМУ на концертот на Филхармонијата „Звукот на идната генерација“

Објавено на: 17 јуни 2019

На 6 јуни 2019 година, студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје настапија како солисти со Филхармонијата на РСМ под диригентско водство на проф. м-р Борјан Цанев. На концертот на Филхармонијата, насловен „Звукот на идната генерација“, како солисти се претставија пет студенти: Јана Каевска - флејта (класа: проф. м-р Страшо Темков), која го изведе третиот став од Концертот за флејта и оркестар во e-moll на Џузепе Саверио Меркаданте, Стефан Илиев - труба (класа: проф. м-р Васо Ристов), кој го изведе „Ламенто“ за флигелхорн, пијано и гудачки оркестар од Румен Бојаџиев, Иван Трајковски - пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), со изведба на првиот став од Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во d-moll, оп. 30 на Сергеј Рахмањинов, Ангел Селим - кларинет (класа: проф. м-р Стојан Димов), со изведба на првиот став од Концертот за кларинет и оркестар во f-moll оп. 5 од Бернхард Крусел и Ева Богоевска - виолина (класа: проф. м-р Олег Кондратенко), која го изведе првиот став од Концертот за виолина и оркестар во D-dur оп. 77 на Јоханес Брамс.

Честитки до сите солисти!