Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Уметничка резиденција на вонр. проф. д-р Искра Шукарова во Њујорк и Вестерн Масачусетс во САД

Објавено на: 01 октомври 2019

Во периодот од 14 до 29 август вонр. проф. д-р Искра Шукарова беше поканета на уметничка резиденција во државите Њујорк и Вестерн Масачусетс во САД. Earthdance residency започна во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Масачусетс каде се испитуваа теми поврзани со движењето и природата. Темите кои се обработуваа како дел од истражувачкиот процес допираат длабоко во суштината за тоа како се спојуваме со природата. Воедно проф. Шукарова предаваше на студенти кои доаѓаат да ги споделат своите искуства и да научат нови пристапи во современиот танц. На крај на престојот имаше отворена презентација за резиденцијата пред публика во Њујорк во MOVEMENT RESEARCH NYC. Резиденцијата е организирана од Петер Шишиоли колега и асистент на Меридит Монк. Престојот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing како дел од Movement Research NYC и фондот Trust for Mutual Understanding