Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Промоција на книгата „Од Тешкото до македонскиот постмодерен танц“ - на вонр. проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска

Објавено на: 30 декември 2019

На 27.12.2019 беше промовирана најновата, шеста по ред книга на вонр. проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, „Од Тешкото до македонскиот постмодерен танц“. Книгата ја задржува истражувачката сфера на интерес - танцова теорија, но овој пат ограничена ексклузивно на македонската продукција. Вклучува седум автономни текстови кои се отпечатени двојазично- на македонски и англиски јазик. Книгата ја промовираше проф. д-р Јелена Лужина, додека во уметничкиот дел настапија еминентни имиња од македонската изведувачка сцена: доц. м-р Дино Имери, м-р Ивана Коцевска, м-р Христина Цветаноска, Симона Спировска и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.