Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Musica Viva за деца“ (#5) – Младински албум, Властимир Николовски – Леонид Петрески, студент од класата на проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска

Објавено на: 20 декември 2021

Петтиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ донесува седум става (1–7) од Младинскиот албум (1960) од композиторот, долгогодишен професор и прв декан на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност, Властимир Николовски (1925–2001).
Изведбата е на Леонид Петрески – студент на IV година на пијано во класата на проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска изведува седум става од Младинскиот албум. Со објавувањето на овие снимки на денот 20 декември Факултетот за музичка уметност симболично го одбележува роденденот на својот прв декан и долгогодишен професор Властимир Николовски.

Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.

https://www.youtube.com/playlist?list=PLudg2mgYY40ArIkpl2iCTrKUk0ZKIv1oO

 

Властимир Николовски
Младински албум (1960)
Леонид Петрески – пијано, IV година
Класа: проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска

 

Кон школото

 

Стара сказна

 

Прошетка

 

Нерешителност

 

На часот по солфеж

 

На лов!

 

Сказна за херојот