Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Musica Viva за деца“ (#7) – Детска суита, Драгослав Ортаков, Детски минијатури, Благоја Ивановски – студенти од класите на вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Кристијан Каровски и вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска

Објавено на: 08 февруари 2022

Седмиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ донесува композиции од Детската суита (1954) од Драгослав Ортаков (1928–2007), музиколог, композитор и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност и Детските минијатури (1957) на композиторот Благоја Ивановски (1921–1994), еден од првите симфоничари во современата македонска музика. Настапуваат студенти од класите на вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Кристијан Каровски и вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска.

Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.

 

Драгослав Ортаков

ставови од Детска суита

Мала приказна
Тијана Периќ – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. д-р Кристина Светиева

Овчарче
Тијана Периќ – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. д-р Кристина Светиева

Жал
Ангела Иваноска – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. м-р Кристијан Каровски

Игра
Ангела Иваноска – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. м-р Кристијан Каровски


Благоја Ивановски

ставови од Детски минијатури

Песничка
Мила Тренеска – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска


Снегулка
Мила Тренеска – пијано
I година, музичка теорија и педагогија
Класа: вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска