Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНЦЕРТ „ЈУБИЛЕЈ“ ТОМЕ МАНЧЕВ

Објавено на: 21 април 2015

На 22.4.2015, среда, со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи концерт од серијалот “Musica Viva" насловен како „Јубилеј“, а по повод 65 години од раѓањето на нашиот истакнат композитор и професор на ФМУ-Скопје проф. д-р Томе Манчев. На концертот студенти од вокално-инструменталните оддели на ФМУ-Скопје ќе изведат дела од творечкиот опус на овој реномиран композитор, а проф. д-р Марија Ѓошевска ќе го реализира наративниот дел од овој настан.