Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одбележан патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 68 - годишнината од неговото основање

Објавено на: 23 мај 2017

На 22.5.2017 година, во Македонската опера и балет, се одбележа патрониот празник и 68 годишнината од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

По обраќањето на Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, а во рамките на прославата се реализираше и Свечен концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје, под диригентско водство на Бисера Чадловска, мешаниот хор „Драган Шуплевски“ кој го подготви вонр. проф. д-р Ивица Зориќ, а како солисти настапија и професори, сегашни и поранешни студенти од Факултетот за музичка уметност - Скопје.