Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Заклучоци од дебатата за нацрт концепцијата за основно образование и поставеноста на музичко образование во неа

Објавено на: 30 декември 2020

На 28 декември 2020 година се одржа онлајн дебата организирана од Здружението на музички педагози на РС Македонија на која се дискутираше за нацрт концепцијата за основно образование и поставеноста на музичкото образование во неа. Своите излагања и размислувања ги споделија претставниците на ЗМП, Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, Сојузот на композиторите на Македонија, Сојузот на музички уметници на Македонија, НУ Националната опера и балет и НУ Филхармонијата на РС Македонија. По поканата на организаторите на трибината учествуваа деканот на ФМУ – Скопје проф. м-р Живко Фирфов, продеканот за концертна и научна дејност проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја и проф. м-р Љубиша Кировски во својство на претседателот на СМУМ. Дебатата во реално време ја следеа бројните членови на ЗМП и пошироката јавност. Целосната снимка на дебатата е објавена на youtube каналот на ЗМП. Од дискусиите беа произлезени заклучоци кои се пратени до Министерството за образование и наука на РС Македонија како дел од јавната дебата за нацрт концепцијата за основно образование.

заклучоци од дебатата за нацрт концепцијата - музичко образование.pdf