Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Учество на студентите и професорите по дувачки инструменти на предавање за современи техники на свирење фагот и флејта

Објавено на: 21 февруари 2020

Во Концертната сала на ДМБУЦ, на 19 февруари 2020 година, со почеток во 10 часот, Паскал Галоа (Pascal Gallois), фаготист, диригент, педагог, член на Ensemble Intercontemporain, директор на Conservatoire Municipal W.A. Mozart, одржа предавање и работилница за современи техники на свирење фагот, компонирање и врските помеѓу композитор – изведувач. На предавањето и работилницата земаа учество студенти од ФМУ – Скопје, како и професорите од ФМУ, проф. м-р Нинослав Димоввонр. проф. м-р Марјан Милошевски и проф. м-р Страшо ТемковСо почеток во 11:15 часот, Елена Стојческафлејтист, професор по флејта на истиот конзерваториум одржа работилница по флејта, каде земаа учество студентите по флејта при ФМУ – Скопје.