Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концертна серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“, 27, 28 и 29 ноември 2021 година

Објавено на: 22 ноември 2021

Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ - Скопје ќе се реализира на 27, 28 и 29 ноември. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Фросина Балова, проф. м-р Стојан Димов, проф. м-р Васо Ристов, проф. м-р Нинослав Димов, проф. м-р Александар Гошев, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева, проф. д-р Ана Гацева, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, м-р Александар Поп Христов.

Концертите ќе се одржат во Музејот на македонската борба во следниве термини:
-27 ноември: студентите од класите по гудачки интрументи, гитара, дувачки инструменти и камерна музика;

-28 ноември: студентите од класите по соло пеење и корепетиција;

-29 ноември: студентите од класите по пијано.

Почетокот на сите концерти е во 20 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на fmu@fmu.ukim.edu.mk

Настаните се одржуваат според протоколите за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести и зависат од моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.