Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт „Уметничка соработка“ во рамките на програмата Musica Viva, 21 декември (вторник) 2021 година

Објавено на: 17 декември 2021

Концертот „Уметничка соработка“ во рамките на програмата Musica Viva како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје ќе се реализира на 21 декември (вторник). Настапуваат студентите од класите по корепетиција практика на вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. м-р Сара Николовска и вонр. проф. д-р Елена Атанасовска-Ивановска, во соработка со студентите од класите по соло пеење, дувачки и гудачки инструменти на проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. м-р Владимир Костов, проф. м-р Стојан Димов, проф. м-р Страшо Темков, проф. д-р Горан Начевски, вонр. проф. м-р Ана Дурловски, м-р Александар Поп Христов.
Концертот ќе се одржи во Фоајето на НУ Национална опера и балет со почетокот во 20 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на fmu@fmu.ukim.edu.mk до 21 декември 16 часот.
Настаните се одржуваат според протоколите за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести и зависат од моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.