Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Известување за приемниот испит по предметот солфеж, за сите вокално-инструментални оддели

Објавено на: 31 август 2022

Се известуваат сите кандидати пријавени за упис на прв циклус студии, во првиот уписен рок, дека приемниот испит по предметот солфеж, за кандидатите пријавени на вокално - инструменталните оддели и за кандидатите пријавени на студиските програми за популарни жанрови, ќе се одржи на 1.9.2022 година (четврток) во следниве термини:

Вокално - инструментални оддели:

 - 9:00 часот - диктат

 - 11:00 часот - устен дел

 

Студиски програми за популарни жанрови: 

 - 11:00 часот.